Катарина го изневерила сопругот со кумот, неговиот татко и брат му: Но она што го направил ТОЈ, ги натерало многу луѓе да ја поддржат!

Сериска прељуба

Катарина го изневерила сопругот со кумот, татко му и брат му, но потоа се случил голем пресврт што ќе го памети додека е жива

Пред извесно време, Катарина Луиз од бразилскиот град Ипатинга, која тогаш имала 24 години, ги шокирала локалните жители со својата бизарна постапка. Генерално владее мислењето дека мажите се тие што изневеруваат, но Катарина го демантирала тоа.

Имено, таа својот сопруг Антонио го изневерила со неговиот кум, на венчавката. Меѓутоа, за да бидат работите уште полоши, во рок од неколку месеци, го изневерила сопругот и со таткото на кумот, а потоа и со брат му.

Сопругот набрзо дознал за сите неверства, па ѝ приредил изненадување што не го очекувала.

„Уште пред венчавката постоеше хемија помеѓу мене и неговиот кум. Минатата година, за време на карантинот, се најдовме неколку пати и се случи тоа што мораше да се случи некогаш. Сепак, не очекував дека неговиот татко уште повеќе ќе ми се допадне“, напишала Катарина на почетокот на објавата на Фејсбук.

Тврди дека се обидела да ја скрие аферата со таткото од кумот, но сè се открило кога неговиот „дрдорлив“ брат се пофалил дека и тој за време на пијана вечер во градината успеал да спие со Катарина.

„Немам никакво оправдување за тоа што го направив со братот на кумот. Со кумот и неговиот татко постоеше страст и голема симпатија, но ова со братот… не знам, веројатно влијаеше алкохолот. Братот сè му раскажа на мојот сопруг и тој само се насмевна на сето тоа. Ми кажа дека знаел дека сум неверна и дека го изневерувам со кумот, но не претпоставувал дека сум спиела и со братот и со таткото“, додала Катарина.

Меѓутоа, потоа следело големо и неочекувано изненадување.

„Го зеде телефонот и ми покажа некои слики на кои е прегрнат со друга жена. Ми кажа дека има љубовница веќе една и пол година и дека има дете со неа. Мене ми велеше дека оди на тоа место да работи, но всушност бил со нив. Не можев да поверувам. Седнавме и двајцата фрустрирани поради сето тоа што си дозволивме да си го направиме еден на друг. Се согласивме дека најдоброто решение е веднаш да се разделиме, бидејќи тоа не личеше на брак и на луѓе кои се сакаат и почитуваат“, заклучила Катарина.

И покрај тоа што многу жени застанале на страната на Катарина, со оглед на тоа што сопругот ја изневерувал, многумина ја осудила нејзината постапка истакнувајќи дека го добила тоа што го заслужувала.

Брутално искрена исповед на еден скопјанец: „Сексот со друга не е изневерување, неверството почнува кога ќе се случи ОВА!“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.