Камерон Дијаз се откажа од филмската кариера заради љубов
Нејзиниот сопруг е пресреќен што и' е доволен само тој
Камерон Дијаз се откажа од успешната кариера поради љубовта и бракот, и не крие дека е најсреќна досега. Со сопругот Бенџи Маден, кој се прослави со групата „Гуд Шарлот“, помина романтична вечер во елитен италијански ресторан во Лос Анџелес.
Тие се обожаваат. Бенџи е многу благодарен што Камерон се откажа од кариерата и славата и среќен е што и’ е доволен само тој“, неодамна изјави блиска пријателка на Дијаз.