Какви нозе, тело… изгледа како божица: Најубавата актерка во Европа уловена како разменува бакнежи со сопругот на плажа!

Како летуваат познатите

По напорните снимања, Пенелопе решила да одмори со семејството во Италија

Шпанската актерка Пенелопе уживала во семејната прошетка низ италијанскиот град Портофино. Изгледала опуштено во црна кратка маичка без прерамки и во удобни панталони.

Претходно истиот ден, Пенелопе Круз и нејзиниот сопруг Хавиер Бардем, биле забележани како се опуштаат на плажа за време на семејниот одмор во Италија.

Брачната двојка, која е во брак од 2010 година, можела да се види како се излежува на брегот пред да влезат во вода да пливаат, при што не можеле да си одолеат еден на друг па си размениле бакнежи.

Да се потсетиме на љубовната приказна на Пенелопе Круз и Хавиер Бардем…

Приказната започнува од познатиот филм Jamon, Jamon од 1992 година, кога Пенелопе и Хавиер првпат се сретнале.

„Дали имаше хемија? Секако! Доволно е да го погледнете филмот, тој е документ на таа хемија, остварување што ќе им го покажуваме на децата и внуците. Привлечноста постоеше од старт, но таа беше малолетна. Имаше само 16 години кога снимавме, а јас 21, па не можеше ништо да се случи. Беше многу храбро од нејзините родители да ѝ дозволат на толку млади години да сними еден многу провокативен филм полн со експлицитни сцени. Кога мојата ќерка мене би ми донела такво сценарио на таа возраст, не постојат пари за кои би ѝ дозволил да го сними тој филм. Нема шанси.“

Хавиер и Пенелопе потоа не соработувале на некој филм, но останале во контакт и повремено се гледале на престижни доделувања филмски награди.

Така било сè до 2007 година, кога на сетот ги споил Вуди Ален и неговиот филм „Вики Кристина Барселона“.

„Да, повторно работевме заедно и повторно хемијата беше повеќе од очигледна, но ништо не се случуваше. Не знам дали тоа беше така поради некоја срамежливост да се направи првиот чекор или поради желбата да бидеме максимално професионални. Во секој случај, ништо не се случуваше и дојде последниот ден од снимањето, кога ми помина низ глава: Ние мора да се напиеме! За среќа, заеднички пријател приреди забави и останатото е историја. Фала, богу!“

Тоа не било љубов на прв поглед, но затоа е љубов за цел живот: Како се вљубиле Пенелопе Круз и Хавиер Бардем!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.