Каков тип на личност сте: Директор, истражувач, преговарач или градител?

Секој од нас има хормони кои можат да ги одредат дури и карактерните црти, а со тоа и идниот придружник!

Врз основа на децениското справување со човечката природа, машко-женските односи, изборите што ги правиме во љубовта, Хелен Фишер, биолог и антрополог, тврди дека биолошки сме привлечени од одредени типови на луѓе.

Таа, исто така, создаде еден вид типологија на личност заснована на хормони кои доминираат кај луѓето, и поради што потоа избираме партнер.

Истражувачи

Тоа се луѓе кај кои доминира допамин. Тие се исклучително љубопитни и креативни. Тие сакаат промени, но и ризикуваат. Тие се целосно спонтани, флексибилни и енергични.

Градители

Луѓето со доминација на серотонин се дружељубиви, зборлести, но бидејќи ги следат правилата, тие се многу внимателни во сè што прават. Тие сепак не се плашливи. Тие се исклучителни во одржување на добри односи со другите и градење на социјални врски.

Преговарачи

Естрогенот е доминантен кај овие лица. Тие имаат широк поглед на светот, тие се имагинативни, интуитивни, внимателни, вешти во комуникацијата. Социјално интелигентни и емотивно свесни.

Директори

Кога кај некого има најмногу тестостерон, тоа значи дека тој е одлучен, аналитички, непоколеблив, конкурентен. Брзо сфаќа системи засновани врз принципи, од механика до музика.

Фишер тестирала дури седум милиони луѓе во 40 земји и заклучила дека истражувачите ги привлекуваат преговарачи, градители – градители, директори – преговарачи и преговарачи – директори.

Прочитајте и: Поради неа ја оставил жена му и 2 пати се обидел да си го одземе животот: Најинтригантната љубовна приказна во Холивуд!

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.