Како да му дозволите некому засекогаш да си замине: Понекогаш така е најдобро…

Раскинување на најбезболен начин

Раскинувањата се болни, но уште поболни се доколку по секоја цена се обидувате да спасите нешто за кое нема спас

Колку и да сакате вашата љубовна врска да трае засекогаш и да биде исполнета со љубов и разбирање, понекогаш тоа едноставно е невозможно. Не ви било судено, ако така ви е полесно.

Излегувањето од љубовната врска никогаш не е лесно, без разлика на тоа по чија иницијатива таа била прекината. Без разлика дали сте биле со некого 2 месеца или 20 години, ударот е присутен и треба да го поднесете. Понекогаш врската завршува под ваши услови, понекогаш вашиот партнер ја донесува конечната одлука за тоа дали ќе останете пријатели.

Во секој случај, еве што треба да знаете за да можете полесно да му дозволите некому да си замине од вашиот живот…

Одлучете дали врската вреди за трудот

Најтешката задача е да одлучите дали вреди да се борите за врската или не. Ако сте доволно искрени со самите себе, одговорот самиот ќе ви се открие. Она што треба да го разберете е дали личноста со која сте во врска ве заслужува. Појдете од тоа дека никој не е совршен. Па така, не гледајте ги неговите мани, туку гледајте се како пар во целина. Ако партнерот ве кочи на кој било начин, не ги поддржува вашите цели и планови, ако чувствувате дека цела врска е на ваш грб, запрашајте се зошто и понатаму се трудите околу оваа врска.

Прекинете ги контактите со него

Ако раскинувањето било тешко и ако ви се чини дека другата страна тешко го прифатила, неопходно е да ги прекинете сите контакти со него. Ако ја држите таа личност близу до себе, таа секогаш ќе ве спречува да продолжите понатаму. Токсичните луѓе управуваат со вашиот живот дури и кога повеќе не сакате да се дел од него, поради тоа што се во ваша близина. Промената на телефонскиот број, мејлот, како и отследувањето од социјалните мрежи е добар почеток.

Прифатете го фактот дека имате контрола само врз своите постапки

Ако сте решиле да ја прекинете љубовната врска, нема поента да одолговлекувате и да се затрупувате себеси со бесмислени работи. Помислата дека ако направите сè што можете за другата страна да се чувствува помалку отфрлено, не е воопшто продуктивна. Под претпоставка дека станува збор за раскинување помеѓу две возрасни лица, психолозите советуваат да не губите време и енергија за да го менувате мислењето за вас што го има другата личност. Фокусирајте се на себе, бидејќи сега вие сте важни.

Потпрете се на пријателите и на семејството

За полесно да го преболите раскинувањето, побарајте поддршка од пријателите и семејството. Иако може да ви се чини како да ги искористувате, вие всушност им давате до знаење дека имате доверба во нив, тогаш кога ви се најпотребни. Не е лесно да се биде сам по долга врска и ви треба некој да ве потсети зошто сте раскинале, но и за да ви каже дека сосема во ред е тоа што се чувствувате скршено и изгубено.

Прифатете го животот по врската

Колку и да ви траела врската, веруваме дека ви значела. Со самото тоа, враќањето на животот пред врската не е опција. Треба да продолжите понатаму. Поентата е да го прифатите животот по врската. Сега сте друга личност. Со едно искуство повеќе. Ако сметате дека и вие сте придонеле за раскинувањето со вашето однесување, најдете начин во иднина да не ги повторувате истите грешки. Станете свесни за себе и за своите дела. Не очекувајте да ја преболите врската прекуноќ. Тоа ќе се случи тогаш кога ќе бидете подготвени.

Како да се надмине раскинувањето и да се ослободат емоциите по врската
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.