Како да ја вратите довербата на вашиот партнер откако сте го повредиле

Корисни совети

Направивте грешка и го повредивте вашиот партнер. Можеби го излажавте за нешто или чувавте нешто што не требаше. Без оглед на причината, свесни сте дека сте направиле нешто што не треба.

Се чувствувате ужасно за својата грешка, но треба да знаете дека сите не се во право, а грешките често може да се поправат. Ако и двајцата сакате да го преболите она што сте го сториле и повторно да најдете заеднички јазик, еве неколку совети кои ќе ви помогнат да го сторите тоа.

Размислете зошто го сторивте тоа

Пред да започнете со процесот на обновување на довербата, пред сѐ размислете зошто го сторивте она што го повреди вашиот партнер. Дали беше тоа само глупава грешка, или сакавте промени што вашиот партнер не можеше и не сакаше да ги направи. Некои луѓе несвесно прават грешка зошто сакаат раскинување или нешто што нивниот партнер не може да им го даде. Пред да започнете со процес на помирување и повторно поврзување, искрено запрашајте се дали воопшто го сакате тоа.

Искрено извинете се

Ако сфативте дека се работи за грешка, искрено извинете се. Без разлика дали станува збор за неверство, лажење, молчење или грди зборови, важно е да му кажете на вашиот партнер и да покажете дека знаете дека сте згрешиле и дека сте направиле нешто погрешно. Запомнете дека извинувањето не ги оправдува вашите постапки, ниту пак ги објаснува. Ако разбирате што стои зад вашиот чин, отворено кажете му на вашиот партнер заедно да го решите постојниот проблем. Исто така, наместо да му кажувате на вашиот партнер дека ви е жал што го повредивте, бидете конкретни. Ако го излажавте, извинете се за лагата и слично.

ФОТО: Getty Images

 

Дајте му време на вашиот партнер

Дури и ако разберете зошто сте направиле грешка и ако сте подготвени да се извините и да разговарате, треба да бидете свесни за фактот дека вашиот партнер можеби не е подготвен за тоа. Дајте му време и во никој случај не го притискајте и брзајте. Луѓето реагираат различно на истите работи. Брзањето може да има само контраефект.

Слушајте ги неговите потреби

На некои луѓе ќе им треба време по чувството на предавство и болка предизвикана од лицето со кое се во врска. Од друга страна, некои луѓе ќе сакаат да знаат сè одеднаш. Ако се согласите да му покажете на вашиот партнер лични пораки или електронска пошта за да докажете дека сте искрени, знајте дека такво нарушување на приватноста не треба да постои ако вашиот партнер одлучи да ви прости.

Бидете искрени

Ако од партнерот сте задржале некои информации што не ви биле важни, но кои нему му биле важни, бидете потполно искрени. Одговорете на секое негово прашање без дополнително да ги криете информациите. Исто така, зборувајте подлабоко за начинот на комуникација или за промените во вашата комуникација. Клучот за стабилна врска е искрената и отворена комуникација. Ако сте го изневериле партнерот, веројатно ќе бидете во ситуација да ве замоли да бидете искрени и детални во врска со прељубата. Сексуални и брачни терапевти советуваат дека тоа не треба да се прави бидејќи може да биде фатално за оној што е измамен. Во тој случај, замолете го вашиот партнер да одите заедно на терапија за да може експертот да ве води низ целиот процес на помирување.

Прочитајте и: Постојат шест типа на врски и еве како да проверите во која група припаѓа вашата

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.