Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ: Нашата љубов е посилна од времето

Нивниот најубав љубовен ритуал

Фото: Милош Надаждин

Познатите сопружници Иван Босиљчиќ и Јелена Томашевиќ во новиот број на специјалниот број на магазинот „Стори“ на македонски јазик откриваат како динамичниот начин на живот, проткаен со постојаните патувања на глумецот и со концертните активности на неговата сопруга, го приспособиле на нивната ќерка Нина, која ја учат на сите вредности што ги понеле од своите семејства и ги стекнале низ богатото животно искуство.

Миговите на нејзиното излегување на сцената, кога ќе се слушне звукот на публиката и ќе загрми аплаузот, мене многу ми се силни, емотивни и впечатливи, речиси слични на оние што јас ги доживувам во театарот. Тоа е неописливо чувство, поради кое секогаш имам голема трема кога таа настапува“, искрен беше популарниот актер во почеток на разговорот.

 

 

View this post on Instagram

 

My love 💞 #afterparty @5asoba 💥

A post shared by Jelena Tomasevic Bosiljcic (@jelenatomasevic_official) on

Убавата пејачка откри за што секогаш наоѓаат време во текот на деновите преполни со обврски.

Секогаш имаме за прегратка, макар на поминување, за насмевка, поддршка, за убави желби кога еден со друг се испраќаме на некои важни настани или патувања, за вистинските зборови што многу значат, вели Јелена, и додава:

 

 

View this post on Instagram

 

U sred koncerta… 💓

A post shared by Jelena Tomasevic Bosiljcic (@jelenatomasevic_official) on

Кога сме сите заедно, нашите утра се најубави. Опуштено приготвуваме појадок, гледаме утринска програма, пиеме кафе, разговараме, се смееме, играме со Нина. Уживаме во секој миг. Нашата љубов е посилна од времето. 

Повеќе за нивната љубовна и животна приказна можете да прочитате во печатеното издание на магазинот „Стори“ на македонски јазик.

Извор: „Стори“

Фото: Инстаграм, Милош Надаждин

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.