Ја запознал љубовта на својот живот кога имал 18, а таа 42 години: Вака се засакале атрактивниот актер и познатата режисерка!

Дознајте повеќе

Британскиот актер Арон Тејлор-Џонсон (31) неодамна бил уловен како пие кафе и ужива со пријателите на сонце во Малибу, Калифорнија, а друштво му правела и 23 години постарата сопруга Сем

И додека Арон ги покажувал своите извајани мускули и мажествен имиџ, Сем, која инаку е фотографка и режисерка на филмовите „Педесет нијанси на сива“, се одлучила за опуштена, спортска комбинација и сосема малку шминка. Тоа е вообичаено излегување на среќната двојка, но нивните заеднички појавувања секогаш ја интригираат јавноста, поради големата разлика во годините и необичната љубовна приказна што ја делат.

Арон ја запознал сопругата Сем (54) уште во далечната 2008 година кога имал само 18 години и можеби тоа не би било чудно да не беше таа повеќе од две децении постара од него!

Во моментот кога се запознале, режисерката веќе имала 42 години, но актерот тврди дека истата секунда кога ја видел знаел дека таа е неговата сродна душа и дека сака да го помине животот со неа:

„Веднаш знаев дека Сем е мојата сродна душа. Веднаш знаев дека сакам да го поминам остатокот од животот со таа жена. Добро се сеќавам на тој ден, како и на денот кога ја запросив.“

Познатиот Британец потенцирал и дека никогаш не почувствувал разлика во годините помеѓу него и неговата избраничка, објаснувајќи дека не можел да се спореди со ниту еден свој врсник кога имал 19 години, бидејќи тогаш живеел живот што немал врска со стандардното растење и созревање.

„Знаев дека сакам семејство со неа, знаев дека сакам деца и еден месец подоцна, таа го чекаше нашето прво дете“, рекол тој.

„Никогаш, ниту на една секунда ја немам почувствувано разликата помеѓу нас поради годините“, додал Арон и истакнал дека убавата русокоса е поотсечна и поенергична од него.

Двојката има и две деца – 11-годишниот Вајлд и 9-годишниот Роми, а Сем има уште две ќерки од претходниот брак.

Интересно е и што презимето Тејлор-Џонсон што и двајцата го носат по венчавката е всушност комбинација од нивните презимиња што ги имале пред да се венчаат – Арон се презивал Џонсон, а Сем, Тејлор-Вуд.

Никој не ја прифаќа нејзината врска со бисексуален шаман: Принцезата се сели во Америка поради љубов!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.