Ја криеле врската 6 години: Вљубените гулапчиња првпат фотографирани заедно!

На „Мет-галата 2019“!

Не се појавувале заедно на јавни настани, се’ досега!

Откако ја криеле својата романтична приказна речиси шест години, Кејти Холмс и Џејми Фокс веќе не се кријат. Актерите, кои се во врска од 2013 година, на „Мет-гала“ првпат позирале заедно на црвениот тепих.

На популарната свеченост, која се смета за еден од најважните и најрелевантните модни настани, Холмс одлучила да облече виолетов фустан со потпис на Зек Позен, кој одговарал на чевлите што Фокс ги одбрал за да го надополни своето елегантно црно одело.

ФОТО: Profimedia

Тие не се двоумеле дали да ја покажат својата љубов, па така им се смешкале на фотографите, држејќи се еден со друг за половината.

Гласините за врската на Кејти Холмс (40) и Џејми Фокс (51) датираат уште од 2013 година, откако парот бил виден како танцува на хуманитарен настан во Хемптонс (Њујорк) во август истата година.

Холмс и Фокс презеле исклучителни мерки за да ја задржат својата приватност и одлучиле да ја чуваат врската во тајност, колку што е тоа можно.

Оваа одлука може да се припише на нејзиниот интерес да го одржи својот приватен живот сигурен, но и затоа што актерката потпишала развод од Том Круз во 2012 година, по шест години брак и една заедничка ќерка Сури, кој вклучувал клаузула според која Кејт не смее да објавува каква било сентиментална врска во период од пет години.

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време