Истражување: 8 причини што ќе го наведат мажот да бара љубовница

Ако се прашувате што може да го одведе вашиот партнер во прегратките на друга жена, прочитајте го најновото истражување засновано врз над 8000 анкетирани припадници на машкиот пол.

Веб-страницата за наоѓање вонбрачни врски „Викторија Милан“ истражуваше зошто толку многу мажи изневеруваат, па решија да разговараат за тоа со момци од целиот свет. Тие испитале 8210 од нив од САД, Ирска, Велика Британија, Шпанија, нордиските земји, Франција, Италија, Канада, Јужна Африка и Полска. Еве ги најчестите причини:

Често го менува расположението

Сите понекогаш сме лошо расположени, но имаме тенденција да ги криеме од луѓе во чиешто друштво не се чувствуваме пријатно. На почетокот на врската, повеќето се обидуваат да останат позитивни и среќни затоа што тоа го олеснува привлекувањето и задржувањето на партнерот. Меѓутоа, кога врската станува посериозна и потрајна, тогаш „сопирачката“ се олабавува, а понекогаш има ерупција на лошо расположение.

Премногу е љубоморна

Дури 96 проценти од мажите во истражувањето рекле дека воопшто не сакаат такво однесување. Затоа, можно е нивните партнери да имаат вродени проблеми со љубомората, и токму тоа ги води во прегратките на некој друг. Од друга страна, тие можат да бидат љубоморни затоа што чувствуваат дека нивниот партнер веќе ги изневерува.

Им кажува на пријателите за нашата интимност

Ова однесување иритира 93 проценти од мажите. Колку подолго сте заедно, толку се поголеми шансите да имате група заеднички пријатели. Но, може да биде незгодно – да знаете дека вашите заеднички пријатели знаат сè за вашата интимност.

Лесно станува нервозна

И, ова е она што ги води мажите кон прељуба затоа што додека се со љубовнички, нема тензија од таков вид, па затоа им е поудобно понекогаш да поминуваат така време. 90 проценти од нив рекле дека тоа многу им пречи.

Никогаш не кажува што сака

Според истражувањето, 89 проценти од мажите рекле дека ова многу им пречи. Тие веруваат дека жените не треба да очекуваат нивните партнери да бидат интуитивни. Тие очекуваат нивниот маж да одвои време за нив, да им помогне низ куќата и да ги пофали за напорите. Љубовница најверојатно е директна затоа што имаат малку време да бидат заедно.

Наоѓа начини да избегне секс

Ова однесување лути 88 проценти од мажите. Сосема е нормално дека сексуалниот нагон на жената се намалува колку подолго е во врска. Нема веќе почетна страст и возбуда за нов партнер и работите се забавуваат во спалната соба. Вистината е, мажите често имаат посилен сексуален нагон од жените, па затоа влегуваат во афера за да ги задоволат своите потреби.

Таа постојано сака чувство на сигурност

Се чини дека многу мажи не сакаат да бидат оние кои постојано ќе ја зголемуваат самодовербата на партнерките за изгледот. Според ова истражување, дури 87 проценти од мажите сметаат дека ова однесување е непријатно.

Поставува премногу прашања

Дека тоа многу ги иритира, изјавиле 65 проценти од машкиот пол. Партнерите често знаат да поставуваат прашања затоа што се грижат за мажот и сакаат да бидат сигурни дека сè е во ред. Но, тие не го доживуваат тоа како грижа и љубов, туку како иритирачко однесување.

Прочитајте и: 8 фактори кои можат значително да влијаат на исходот од бракот

 

ФОТО: Getty Images

 

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време