Искрена исповед на Кортни Кокс: „Бев невина до 21 година, а потоа мајка ми ми кажа дека ми е време!“

Горда е на тоа!

Кога мајка ѝ сфатила дека е во сериозна врска со еден дечко, ѝ дала до знаење дека време за нешто повеќе

Актерката Кортни Кокс, која најмногу ја помниме по улогата Моника во култната серија „Пријатели“, ја чувала невиноста до својата 21 година, а потоа мајка ѝ ѝ кажала дека време е да спие со својот дечко.

На гостувањето во емисијата „The Late Late Show“ на Џејмс Корден, Кокс рекла дека била многу старомодна кога станувало збор за сексот, бидејќи мајка ѝ не зборувала многу со неа на таа тема.

„Можеби не би требало да го кажам ова сега, но ќе го кажам. Бев девица до 21 година“, му открила Кокс на Корден и додала дека е горда на тоа.

Кога мајка ѝ сфатила дека е во сериозна врска со еден дечко, ѝ дала до знаење дека време е за нешто повеќе.

„Се сеќавам дека долго време се гледав со еден тип, па мајка ми помисли дека ќе бидам со него извесен период“, се присетила Кокс, на која мајка ѝ тогаш ѝ испратила долна облека за да се обиде да биде поженствена.

„Тантелата беше широка околу 10 сантиметри, а имаше и памучен дел. Но беше многу подобро од она што го носев дотогаш, бидејќи навистина бев неинформирана кога прв пат дојде до тоа“, признала Кокс и додала дека долната облека што мајка ѝ ѝ ја дала била сепак прилично модерна и привлечна за тоа.

https://www.instagram.com/p/Bt3rm3hg-Dt/?utm_source=ig_embed

Денес, 54-годишната актерка е во врска со музичарот Џони Мекдајд од бендот „Snow Patrol“. Врската ја започнале во 2013 година и биле свршени, но раскинале во 2015 година.

Поминале неколку месеци пред љубовта повторно да се распламти, а иако денес имаат врска на далечина, бидејќи таа живее во Лос Анџелес, а тој е во Англија, ѕвездата од „Пријатели“ тврди дека работите функционираат подобро од кога било претходно.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.