„И уште десет животи да имам, сите би ги посакал со тебе“ – Дац се разнежи на роденденот на Весна

Легендарниот Драган Спасов – Дац, актер, пејач и вистински мајстор на зборот, повторно го докажа својот талент – но овој пат со срцето. По повод роденденот на неговата сопруга Весна, Дац објави емотивна посвета која ги разнежни сите негови фанови:

Среќен роденден на мојата животна сопатничка.
И уште десет животи да имам, сите би ги посакал со тебе. Со тебе секој ден е поинтересен од претходниот, а животот добива вистинска смисла — станува љубов.“

Парот е доказ дека вистинската љубов не се мери со години, а Дац и Весна покажуваат дека „љубовта од која ти се превртува во стомакот“ е можно да се доживее во секоја возраст.

Дац низ годините често открива дека Весна е неговата вечна муза:

Не знам точно кога се сретнавме, дали тогаш кога срамежливо го сокри погледот, или многу години пред тоа. Но знам едно – таа е целиот мој живот и жената која точно се вклопи во моето сè. Љубов, огромна љубов е во прашање, а тоа е единствениот рецепт за среќа и успешен брак.“

Иако љубовната приказна на Дац и Весна е долга, таа е полна со моменти што ја потврдуваат вистинската романтика: за нив годините не значат ништо, а убавината на врската се мери со емоциите и споделените мигови.

И како да ја крунисаат оваа емоционална посвета, Дац заедно со Џина Папас Џокси и Александар Митевски ја претставија новата верзија на легендарната песна „На Велигден сум се заљубил“, која уште повеќе ја зацврстува романтичната атмосфера околу нивниот живот и љубов.

Фото: Facebook

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе