Хајди Клум е маѓепсана од 16 години помладиот сопруг: „Првпат во животот чувствувам дека имам вистински маж покрај себе!“

Трета среќа

Конечно запловила по мирни води

Колку е вљубена и среќна говори фактот што два пати застанала пред олтар со истиот човек. Хајди Клум и нејзиниот 16 години помлад партнер Том Каулиц првпат го изговориле судбоносното „да“ во февруари оваа година, а потоа уште еднаш неколку месеци подоцна на церемонија одржана во Италија на островот Капри.

https://www.instagram.com/p/B0yJPNWp3Yf/?utm_source=ig_embed

Манекенката ја користи секоја прилика за да го пофали својот сопруг и постојано нагласува колку ужива со него. Па според сето тоа, очигледно е дека на љубовно поле и’ цутат рози и изгледа дека оваа врска и’ е далеку подобра од сите претходни.

Во една прилика изјавила:

„Првпат во животот имам чувство дека крај себе имам вистински маж и некој со кого можам да делам се’ и кому целосно му верувам.“

https://www.instagram.com/p/B4NkuA2JRxo/?utm_source=ig_embed

На прашањето како и’ е во бракот, таа одговорила:

„Совршено. Како поинаку? Сте го виделе мојот сопруг? Тој е совршен.“

Ова е третиот брак на Хајди и во нејзин случај изреката „трета среќа“ се покажала како вистинита.

https://www.instagram.com/p/B3Ql-LDJqVW/?utm_source=ig_embed

Том го опишува како најслатката, најгрижливата личност на која може да се потпре во секој момент.

„Не помнам кога последен пат сум била олку среќна“, открила таа.

По сите љубовни бродоломи, таа заслужила да ужива со својот партнер. Тие се вистински пример дека љубовта е двигател што може да не’ прероди.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.