Голем романтичен гест како најава за свршувачка?

Најмладата милијардерка на светот го покажа гламурозното изненадување

Најмладата милијардерка на светот и успешната бизнисменка Кајли Џенер на социјалните мрежи се пофали со романтичниот гест на своето момче Травис Скот.

Раперот, кој е во љубовна врска со риалити-ѕвездата од април 2017 година и со која ја има 8-месечната ќеркичка Сторми, на саканата и’ приреди вечер за паметење.

Цел кат во нејзината куќа буквално го наполнил со црвени ружи и свеќи, а најмладата членка на кланот Кардашијан-Џенер воодушевено искоментира:

Ѓаволски добар начин да ја завршите вечерта.“

Иако двојката се’ уште не потврди, американските медиуми пишуваат дека овој грандиозен гест е вовед во свршувачка…

 

View this post on Instagram

 

hell of a way to end the night 🌹♥️

A post shared by Kylie (@kyliejenner) on

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време