Ги менувала мажите како чорапи: Се венчавала 2 пати а била вљубена во оженет маж кому не успеала да му го растури бракот

Феј Данавеј

Славната актерка Феј Данавеј имала многу успешна кариера, но немала среќа во љубовта

Славната американска актерка Феј Данавеј била една од најубавите, а неретко била во центарот на вниманието поради бројните љубовни скандали. Убавината ѝ донела бројни улоги и слава, како и проблеми во љубовта.

Актерката е родена во 1941 година на Флорида, а кариерата ја градела на Бродвеј. „Оскар“, „Еми“, „Златен глобус“ и „БАФТА“ се само некои од наградите што Феј ги има на своите полици, а улогата во филмот „Бони и Клајд“ ѝ донела светска слава.

Инаку, Феј Данавеј е една од четирите актерки што во текот на кариерата имаат добиено награди за најдобра и најлоша актерка. Таа добила „Оскар“ за улогата во филмот Network, а „Златна малина“ добила за Mommy’s Dearest.

Меѓутоа, нејзиниот љубовен живот не бил толку успешен како професионалниот. На самиот почеток на кариерата била во врска со Лени Брус, а нивната љубов траела една година. Потоа, се свршила за фотографот Џери Шацберг, но не се венчале.

Набрзо нашла замена и се вљубила во филмската ѕвезда Марчело Мастројани, со кого била две години во врска. Актерката била лудо вљубена во него и сакала да се омажи за него, но меѓу нив постоела ненадминлива препрека.

Имено, актерот во тоа време веќе бил во брак и не сакал да се разведе. По две години, Феј одлучила да раскине со него, а на новинарите им кажала дека премногу се вложила во таа врска.

„Кога ќе се сетам на моментите со Марчело, чувствуваме само каење. Еден дел од мене сè уште верува дека ако се венчавме тогаш, и денес ќе бевме во брак. Сакавме да остариме заедно, но тоа не се случи“, напишала актерката во својата автобиографија години подоцна.

А и самиот Марчело Мастројани во едно интервју од 1987 година признал дека ја сакал.

По низата пропаднати врски, актерката во 1974 година се венчала за пејачот од групата The J. Gelis Band, Питер Вулф. Меѓутоа, бракот траел само 5 години, а актерката во 1983 година се венчала со Тери О’Нил.

Двојката три години пред венчавката добила син Лиам, додека подоцна О’Нил признал дека го посвоиле детето. По разводот од Тери, Феј Данавеј била во врска со Фредерик Форсајт, а имала афера и со Роберт Алтман.

Денес, ретко можеме да ја видиме во јавност, а кога ќе се појави привлекува големо внимание поради наводните пластични операции што ги направила.

Беше олицетворение на убавината, а мажите лудуваа по неа: Вака изгледа денес Феј Данавеј!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.