Еве зошто мажот ја напушта жената: „Не’ третирате како кучиња, па очекувате верност!“

Од машки агол

Се лажете ако навистина верувате дека мажите ве напуштаат за да бркаат жени што мирисаат на ново, што се поубави и посексапилни од вас!

Ова не е вистина! Сексуалноста и убавината немаат никаква врска со тоа.

Вистинската причина зошто мажот ја напушта жената е занемарувањето! Тоа сите го знаат. Ниту еден нормален маж нема да се осуди себеси на доживотна робија покрај жена што го занемарува.

Зошто тој да дозволи некој да не го почитува, мислејќи дека тој ќе проголта се’? Дека ќе издржи, ќе преживее и нема да биде навреден? Само затоа што е маж!

Не, драги жени, вие сите правите домашни кучиња од своите мажи! Ако продолжите така да се однесувате со нив, ќе ве напуштат. Плашете се од оние кои само молчат и трпат.

Мажот е лав, ѕвер, тој никогаш не може да биде куче!

Втората причина зошто мажите ги напуштаат своите жени е инвазијата на нивниот личен простор. А тоа е многу важно!

Жените мислат дека ако мажот е венчан со нив, води љубов со нив, јаде и спие со нив, дека не мора да има свој личен простор, слободно време и дека секој негов чекор мора да биде под строг надзор.

Ако мислите така, треба да знаете дека мажот ќе побегне на крајот од светот, во тотална недојдија, само за да си ја ослободи душата. За да земе воздух!

Дури и ако имате деца со него, ако сте во брак десет и повеќе години, тоа не е причина да го врзувате за себе, бидејќи тоа може да значи само едно нешто: крај!

Секој човек мора да има свое катче, свој мир, свое време за тишина и опуштање…

Разбирлива е вашата потреба да бидете врзани за мажот со душа и тело, но толкавата близина расипува се’!

Третата причина зошто мажот ја напушта жената е недостигот од благодарност. Тој ве облекува, ве храни, ви купува цвеќе и се’ што ви треба, а вие го земате тоа здраво за готово?

Зар е тешко да се каже „благодарам“?

И мажите се луѓе и треба да ги почитувате. Кажете „благодарам“ и тие ќе направат се’ за вас!

Четвртата причина зошто мажот ја остава жената е тоа што таа самата себеси се запуштила. Што се занемарила себеси. Тоа што сте во брак десет години, не значи дека треба да престанете да се депилирате! Грижете се за вашето тело, користете парфем и облекувајте се така што вашиот партнер ќе се сврти по вас кога ќе поминете покрај него.

Доколку вашиот маж гледа други жени, никогаш не го сфаќајте тоа за неважно. На вашата безгрижна реченица „нека гледа“, тој уште повнимателно ќе погледне некоја друга.

Петтата причина е одбојност. Ова е најстрашната причина од сите други. Доаѓа оној момент кога тој ќе сфати дека не ве сака. Во тој случај, оставете го да се оди. Секој има право на грешка, и колку и да звучи лошо, секој може да биде погрешен избор за другиот.

Ако вашиот партнер не ве сака и само од навика останува со вас, веднаш излезете од таа приказна, таа не е напишана за вас.

Шестата причина зошто мажот ја напушта жената е нерасположението. Таа секогаш е гневна, незадоволна, тажна… Тогаш мажот не брза за да се врати дома. Со текот на времето го напушта и домот и жената и семејството.

Жената треба да биде празник, радост, енергија, машка сила…

Жената треба да биде личноста која мажот со нетрпение ќе чека да ја види, желен да ја сподели својата среќа, успех и задоволство со неа. А ако жената му ги одзема радоста, виталноста и среќата на мажот, тој засекогаш ќе си замине од неа.

Веројатно жените погрешни ќе го сфатат овој текст. Ќе тврдат дека се глупости. Ќе кажат дека мажите си заминуваат поради убаво здолниште, убави нозе, заводлива жена.

Вистината е дека ниту еден маж нема да дозволи некакво си кратко здолниште да го раздели од жената што ја сака и со која е среќен дома. И тоа е единствената вистина. Мажите ќе се согласат!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.