Еве што му кажала Фрида Кало на својот сопруг кога дознала дека ја изневерува: Овие зборови се чиста вистина!

Неверојатно!

Фрида го сакала Диего, додека тој сакал слобода и авантура

Својот прв сопруг, Диего Ривера, го запознала преку пријател во 1929 година, а тој бил 21 година постар од неа. Во тоа време, тој веќе бил признаен сликар, поради што Фрида сакала токму тој да ги погледне и оцени нејзините дела. Диего бил фасциниран од нејзиниот талент. Поради големата разлика во изгледот и висината, често ги нарекувале „слон и гулабица“.

Кратко по венчавката која се одржала на 21 август 1929 година, Фрида сфатила дека љубовта на Ривера кон неа не ги исклучува неговите врски со други жени, меѓу кои била и нејзината сестра. Тој копнеел по слобода и сакал да ја поседува секоја жена, а тоа му го овозможувало неприкосновениот углед. Физички не бил привлечен, но жените се фрлале во неговите прегратки. Во Мексико бил бог: како сликар, претставник на мексиканската ренесанса и идеолог на работничката класа. Многу дами сакале да му позираат и да бидат овековечени на неговите мурали. Романсата со него ја гледале како пат до вечноста. И неговото политичко уверување не било исклучиво кон неистомислениците: тој бил жесток комунист, но флертувал и со капитализмот и ги земал неговите пари.

Често ја изневерувал Фрида, а таа за да му се одмазди, се впуштала во разни авантури и со мажи и со жени. Сето тоа оставило длабока трага на Фрида во форма на душевна болка. Немала деца.

Еве што му кажала Фрида Кало на својот сопруг во една пригода…

„Не барам од тебе да ме бакнеш, ниту да ми се извинуваш кога ќе помислам дека си згрешил. Нема да те замолам ни да ме прегрнеш кога ми е најпотребно. Не барам да ми кажеш колку сум убава, макар тоа било лага, ниту да ми напишеш нешто убаво. Нема да те замолам ни да ми се јавиш за да ми кажеш како ти поминал денот, ниту да ми кажеш дека ти недостасувам.

Нема да барам од тебе да ми се заблагодариш за сè што правам за тебе, ниту да се грижиш за мене кога душата ми тоне, и секако нема да барам да ме поддржиш во моите одлуки. Нема да барам ни да ме слушаш кога имам илјада приказни да ти раскажам.

Нема да барам да направиш ништо, дури ни да бидеш засекогаш покрај мене. Бидејќи ако морам да го барам тоа, не го ни сакам повеќе.“

12 цитати на Фрида Кало кои даваат сила: На крајот од денот, можеме да издржиме многу повеќе одошто мислиме!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.