Еве седум начини на кои може да се зближите со партнерот иако не сте физички заедно

Корисни предлози

Фото: Getty Images

Коронавирусот успеа да одвои некои двојки на одредено време. Да се разделите од партнерот во ова време на криза е предизвик на многу нивоа, но не е невозможно да се одржува врската додека сте разделени.

Прифатете ги одлуките

Кога државите почнаа да донесуваат одлуки за карантин, немаше многу време да донесуваме одлуки каде да останете. Многумина се вратија кај своите семејства, а некои останале со партнерите или цимерите. Не тој начин многу беа разделени, па нормално е дека сте вознемирени што партнерот одлучи да не биде покрај вас за време на карантинот.

Многу е важно да се разбере дека ова најверојатно е тешка одлука да се донесе, под притисок и за кратко време. Изразете го своето разочарување и едноставно прифатете го. Не е во интерес на никого да се враќате на одлука што сега не може да се промени.

Почитувајте ги оние со кои живеете

Ако вие и вашиот партнер го делите домаќинството со членови на семејството или цимери, мора да ги имате предвид и нив. Постојат различни пристапи кон безбедноста во карантинот и треба да се договорите на заедничко место за живеење. Некои цимери нема да бидат среќни ако поканите партнер или пријатели дома. Тешко е да се разделите, но безбедноста на сите е сега поважна.

Искористете ја предноста на технологијата

Можеби не ви се допаѓаат разговори на видео повик, но засега не добивате ништо подобро од тоа. Прифатете ги придобивките од технологијата за да ја одржите вашата врска жива и да комуницирате со вашиот партнер. Сè уште можете да готвите заедно и да ја гледате вашата омилена серија. Видео повикот е одличен начин за комуникација.

Одвоени, но само физички

Еден од најголемите проблеми на раздвојување е недостатокот на физички допир. Ова е најважно кога станува збор за одржување интимност, а исто така помага во олеснување на стресот. За жал, со разделбата, нема добра замена за допир, но можете да разговарате со партнерот за сè што можете да правите заедно кога ќе заврши ова. Исто така, добро е да запомните неколку заеднички интимни моменти што ги паметите. Ова ќе помогне да се одржи врската жива. Сексуалниот живот не треба да страда. Разбудете ја вашата имагинација и разговарајте за тоа што сакате да го направите. Сексот преку видео повик е секогаш една од опциите.

Бидете свесни за тоа што го имате

Можно е пред вирусот вие и вашиот партнер да поминувавте многу време заедно, но и двајцата сте биле психички отсутни во одреден момент. Одвојувањето дава можност да разберете колку е важно да ги цените споделените моменти.

Бидете креативни

Тековната состојба претставува можност да се создадат нови начини за поврзување едни со други. Размислете за тоа како најмногу сакате да го поминувате времето заедно кога сте способни да бидете физички заедно и разгледајте ги можностите што сè уште можете да ги направите со помош на технологија. Направете нова рутина, на пример, разговор пред спиење или заедно да гледате филм.

Направете планови за иднината

Сонувањето заедно за патување и излегување може да ви го олесни времето поминато во карантин. Направете список на ресторани што сакате да ги посетите. Малата надеж може да ја задржи искрата во врската.

Прочитајте и: Знак кој покажува дека сте во среќна врска

 

ФОТО: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.