Експерт по социологија на љубовта: „Не се партнерите погрешни, вие постојано паѓате во истата замка!“

Погледнете ја реалноста в очи

Еве зошто постојано се разочарувате во љубовта!

Колку пати сте се разочарале во љубовта, тврдејќи дека ќе се откажете од неа еднаш засекогаш, бидејќи постојано налетувате на погрешна личност?

Или се емоционално недостапни или се проблематични. Маргарет Пол, докторка по социологија, терапевтка и авторка на повеќе книги тврди дека проблемот е всушност во вас.

Или сте утописти, па верувате дека вашата љубов може да го промени партнерот или и самите сте затворени, емоционално недостапни. Третиот, чест случај е мислите дека ќе се чувствувате сакано само ако натерате некого да ве сака. Секако дека грешите.

Затоа почнете да работите на себе.

„Ако сакате да престанете да привлекувате недостапни луѓе, прво мора да направите внатрешен ‘инвентар’. Тоа значи дека мора да развиете силен аспект на личност подготвена за љубов, па за почеток, засакајте се себеси на здрав начин.

Ако се обидувате само да добиете љубов од другите, не мислејќи на себе, и понатаму ќе привлекувате краткотрајни врски. Дури откако целосно ќе се засакате себеси, ќе престанете да се обидувате да ги натерате другите да ве сакаат, бидејќи таквите емоции никогаш не се здрави и не можат да донесат ништо добро.“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.