Добро отворете ги очите: Ова се знаци дека тој само ве искористува!

Дознајте

Да се биде во љубовна врска може да биде магично искуство, но може да биде и сосема спротивното

Љубовната врска може многу лесно да се претвори во катастрофа, ако вашите и чувствата на вашиот партнер не се на иста бранова должина. Штоа тоа воопшто значи? Тоа што вие сте вљубени до уши и мислите дека тоа важи и за него, не мора да биде така навистина.

Кога преовладува вљубеноста, имаме тенденција да гледаме сè низ розови очила. За жал, постојат многумина кои не се впуштаат во љубовните врски со толку чисти намери. За да бидете сигурни дека тој не ве искористува, обрнете внимание на следниве знаци на предупредување…

Вие плаќате секогаш кога ќе излезете

Непишано правило е дека барем на почетокот од врската би требало дечкото да плаќа за вечерата или пијалакот што ќе го испиете во град. Но ако сакате да бидете фер, секако дека би требало да се понудите да платите. Меѓутоа, ако ви се чини дека тој никогаш не се фаќа за паричникот кога треба да се плати сметката, тоа е знак дека тој само ве искористува.

Ве бара само кога му треба нешто од вас

Дали ви се чини дека тој секогаш е зафатен кога ви треба? Од друга страна, кога нему нешто ќе му затреба, дали тој ви се јавува и вие го оставате она што моментално го правите и трчате да му помогнете? Ова е класичен пример на искористување. Никако не смеете да бидете со некој што не е тука за вас кога ви треба.

Финансиски зависи од вас

Не само што плаќате за вашите излегувања, вие плаќате и за сè друго во неговиот живот. Без разлика дали живеете заедно, па ги плаќате сметките, храната и киријата или станува збор за одење на концерти, на кино, на куглање и слично, ако тој финансиски зависи од дебелината на вашиот паричник, тоа е црвено знаменце што ви порачува да побегнете од таа врска.

Емоционално ве уценува

Дали вашиот сакан постојано ве обвинува за сите работи во животот што не му одат од рака? Завршување факултет, наоѓање работа, задржување работа? Ако е така, тоа е јасен знак на емоционална уцена, бидејќи вие се чувствувате виновни за неговиот неуспех, иако немате никаква врска со тоа и останувате со него за да ги поправите работите некако.

Никогаш не сте добиле подарок од него

Лудо е да се замисли тоа дека вљубениот младич нема потреба на својата сакана да ѝ подари барем една роза. Нема потреба да се зборува за скапи подароци. Ако никогаш не сте добиле ништо од него како подарок, ни најмала ситница, тоа е знак дека тој не се грижи за вас. Од друга страна, ако редовно ви бара нова кошула, часовник или патики и очекува од вас подарок за роденден, за Денот на вљубените, Нова година и слично, тоа е знак дека само ве искористува.

20 прашања за вашиот партнер на кои треба да го знаете одговорот
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.