Дилема: Дали се врските задолжителни?

Врските не се задолжителни во секој период на нашиот живот, но партнерството е важен аспект на човековото живеење. Што и да мислат за моменталниот тренд за неврзување и за солирање или за сопствената трагична историја на врските, колку и да се моментално повредени или нерасположени за љубов, луѓето тежнеат да бидат во врска, а исполнувачките емотивни односи ги прават среќни.

Повеќето психолози сметаат дека со напуштање на примарното семејство, луѓето тежнеат блискоста и припадноста што ги имале во него да ги реализираат повторно во своето семејство. За да креираат односи на интимност и на доверба, потребен им е партнер, бидејќи досега не е откриен посовршен однос за остварување блиски односи. Значи, иако мислите дека ви е сосема добро или можеби и подобро што сте сами, сепак размислете дали со таквиот став ги рационализирате сопствениот отпор против врзување и стравот од отфрлање. Освен тоа, дури и да ви е добро, тоа не значи дека не може да ви биде подобро.:)

ШТО Е ЗДРАВО, А ШТО НЕ Е?

Кога станува збор за врските, здрав е ставот: „Би сакала да сум во врска, би сакала да го поправам односот со партнерот или би сакала мојот партнер да се однесува кон мене на одреден начин.“ Нездрав став е: „Морам да сум во врска (по секоја цена), мојот однос со партнерот мора да биде подобар (во спротивно не треба да сме заедно), мојот партнер мора поинаку да се однесува со мене (или ќе биде казнет).“

Ако пред себе или пред партнерот ги поставите барањата „морам/мора“, „не смеам/не смее“ и сл., како последица ќе се појават нездрави емоции – депресивност и безволност ако сте долго време сами, а „морате да сте во врска“. Анксиозност се појавува ако постои барањето „мора да ја зачувам врската по секоја цена, партнерот би можел да ме напушти“, а повреденост или бес ако имате став дека вашиот партнер мора да се однесува на одреден начин, а тој не се однесува така. Во сите овие ситуации – поставувањето барања е она што нè измачува и прави да се чувствуваме лошо. Поради присуството на негативни чувства не сме во состојба да го решиме партнерскиот проблем, па односите стануваат помалку задоволувачки, чувствата понездрави и така во круг.

ЈАС КАКО ПАРТНЕР

Концептот „јас како партнер“ подразбира да знаете каков партнер ви е потребен врз основа на досегашното искуство, кои особини ги посакувате, кои особини на партнерот ќе ви помогнат да ги поднесете животните тешкотии, да се развивате и да растете. Добро би било и кога би знаеле каков е вашиот став кон врзувањето, верноста, децата, заедничкиот имот…

ШТО ДА ПРЕЗЕМАМ ПРВО?

Најкорисно е да го активираме својот круг на пријатели. Тоа подразбира да се вклучиме во активности, клубови и во организации во кои ќе среќаваме лица од спротивниот пол. Да организираме настани за својата „социјална мрежа“, да ги користиме случајните средби и да бидеме ведри и отворени (автобус, галерија, банка), да прифаќаме покани – дури и кога не ни се допаѓаат од прва, бидејќи не знаеме каде ќе нè одведат, но и да поминуваме помалку време со лица што не се заинтересирани да ни помогнат во решавањето на нашиот „партнерски проблем“.

НАПРАВЕТЕ ПРОЕКТ

Испланирајте како ќе го запознаете потенцијалниот партнер и дајте му на тој проект временска димензија. Поставете цели што ќе ги исполнувате во точно дефиниран временски период. Би требало да имате и краткорочни и долгорочни цели – на пример, колку треба да бидете активни за време на викендот и колку потенцијални партнери треба да запознаете, макар површно, во текот на еден месец. Проверувајте го својот напредок и не препуштајте ѝ го проектот на „судбината“.

ПОГЛЕДНЕТЕ СЕ СЕБЕСИ

Дали сте склони да се преценувате и да имате нереални барања од партнерот? Или сте склони да се потценувате и да останувате предолго во врската што не ви одговара, само поради убедувањето дека не заслужувате подобро? Дали сте подготвени да ги издржите тешкотиите што се појавуваат во секоја врска и заеднички да ги надминете доколку партнерот ви значи или премногу лесно се откажувате? Дали главно им обраќате внимание само на негативните сигнали што ви ги испраќа партнерот, а не и на позитивните? Дали сте подготвени да влезете и да останете во врска само поради стравот од осаменост?

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време