Дилема: Дали е подготвен за врска?

Искуствата на нашите читателки

Ако сте подолго време „без врска“, а треба да излезете на состанок, можеби ќе се фатите себеси како го демнете секој негов збор или гест, за да не пропуштите некаков знак дека би требало да станете и да избегате како мува без глава.

Но кога станавме толку многу недоверливи, па мислиме дека добрите момчиња, кои би можеле да ни бидат одлични партнери, веќе не постојат. За да го разбиеме овој маѓепсан круг, прашавме неколку среќно вљубени дами врз основа на што сфатиле, уште при првата средба, дека треба да му дадат шанса.

Го интересира феминизмот

„Кога излегов со него, сфатив дека има големо познавање за таа тема. Ми призна дека купил неколку женски списанија и книги на тема феминизам затоа што на мојот инстаграм-профил прочитал дека се декларирам како феминистка. Па, нели е прекрасно тоа?!“, Катерина, 23

Се грижи како се чувствувам

„Нашиот прв состанок беше во октомври. Седевме во бавчата на едно кафуле, но кога зајде сонцето, стана студено. Тој стана и се врати со две ќебиња. Едното го префрли врз моите нозе. Зар не е прекрасен?!“, Мила, 25

Обичните нешта ги претвора во забава

„Духовитост и позитивна енергија – негови две особини што ги забележав уште на првиот состанок. Всушност, случајно се запознавме седејќи на две седишта во автобусот, еден покрај друг.

Инаку, вообичаено здодевниот пат, никогаш не ми бил толку забавен!“, Мина, 30

Текст: Н. Човиновска

Фото: Pixabay

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.