Џенифер Лопез го опиша Бен Афлек како најгрижливиот и најнесебичниот татко во преслатка објава за Денот на татковците!

Не ја кријат љубовта

Џенифер Лопез сака да изгради семејство со Бен Афлек

Џенифер Лопез му го честита Денот на татковците на својот свршеник Бен Афлек со тоа што го објави наљубовното видео од него што некогаш сте го виделе!

Имено, латино-дивата објави компилација од романтични снимки и видеа од неа и Бен, додека во позадина оди звук од неа како зборува дека сака да изгради семејство со него.

Џеј Ло во видеото вели:

„Ова е најдобриот период во мојот живот.

Ја сакам мојата кариера, но не постои ништо позначајно за мене од тоа што можам да изградам семејство со некого кого многу го сакам и кој е исто толку посветен на семејството и на нашата врска колку мене. Се чувствувам неверојатно благословена.“

Фотографиите и видеата ја покажуваат двојката како се вози заедно во автомобил, како Џенифер го бакнува Бен во образот и многу други слатки моменти од нивниот заеднички живот.

Покрај тоа, таа во објавата напиша:

„Му го честитам Денот на татковците на најгрижливиот, најнежниот, најпосветениот и најнесебичниот татко на светот. Честит Ден на татковците, љубов моја.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)


Инаку Бен (49) има три деца со поранешната сопруга Џенифер ГарнерВајолет (16), Серафина (13) и Семјуел (10). Џенифер, пак, има близнаци Ема и Максимилијан (14) од бракот со Марк Антони.

Џеј Ло и Бен најпрво беа во врска од 2002 до 2004 година, но ја откажаа венчавката откако се свршија. Сепак, тие ја обновија романсата минатата година и ги израдуваа обожавателите со тоа што се свршија вторпат оваа година.

Во февруари, Џенифер откри дека нивната врска овој пат е поинаква:

„Сега сме постари, попаметни, имаме поголемо искуство, сега сме на различно место во животот, сега имаме деца и мора да бидеме свесни за тие работи. Прекрасно е што ова случи на ваков начин во овој период од нашиот живот, кога навистина можеме да се цениме и да се почитуваме меѓусебно.

Отсекогаш сме го правеле тоа, но сега се цениме уште повеќе, затоа што знаеме дека животот може да те одведе во различен правец“, објаснила Џенифер.

Ѕирнете во новото љубовно гнездо на Џенифер Лопез и Бен Афлек! (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.