Џенифер Лопез ги советува жените: „Мажите помлади од 30 години се бескорисни и не се за брак!“

Го кажала своето мислење!

Кога ќе запознаат некого на 30 години, мажите веднаш се свршуваат, бидејќи тогаш се подготвени за брак

Ако некогаш сте се обиделе да барате партнер преку некоја од многуте апликации за барање „сродни души“, веројатно знаете дека тој процес може да биде многу напорен, со оглед на тоа што треба да одберете некого од безброј понудени имиња.

Но што ако некој ви помогне? И тоа ни помалку ни повеќе, туку Џенифер Лопез?

Имено, во најновата епизода на видео-серијата „Swipe Sessions“, која е направена во соработка со апликацијата за состанување Тиндер, Лопез ѝ помага на 29-годишната кантри-пејачка Брук да го најде вистинскиот партнер во морето од предлози.

Брук, како што самата кажала, бара маж кој би можел да „сече дрва“, па Лопез ѝ помогнала да го стесни изборот и ја советувала:

„Типовите помлади од 33 години се бескорисни!“

Според авторката на популарната книга „What About Me? Stop Selfishness From Ruining Your Relationship“ Џејн Грир, Лопез е во право, особено ако барате некој за сериозна врска.

„Мажите можат да постигнат нешто во кариерата дури во раните 30-ти години, а дотогаш ќе има и повеќе пари, па ќе биде посигурен во себе“, објаснила Грир и додала дека дури тогаш повеќе мажи ќе се усовршат во она што го прават и ќе станат поискусни и поуспешни.

Тоа секако не значи дека би требало да ги отпишете оние во 20-тите, но дури во раните 30-ти години повеќето мажи би можеле навистина да се врзат за некого.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.