Една од најубавите светски актерки веќе не е сама
Кејт Бекинсејл (45) била фотографирана со 20 години помладиот комичар Пет Дејвидсон (25).
Држејќи се за рака, тие заедно си заминале од еден локал во Лос Анџелес. Иако биле вознемирени поради фотографите, не се испуштале од рака.
Првите шпекулации за нивната врска започнале по доделувањето на Златни глобуси, кога медиумите пишувале за нивната врска.
Инаку, Пет, комичарот познат по своето скеч-шоу на „Saturday Night Live“, до неодамна бил во врска со американската пејачка Аријана Гранде со која дури и се свршил.
Кејт била во брак со режисерот Лен Вајсман од кого се развела пред три години.