Деми Мур открила зошто ѝ пропаднале сите три брака: „Не се каам за ништо!“

Причината е тажна

Во интервју за еден подкаст, актерката Деми Мур се потсетила на своите бракови и открила како конечно сфатила каде грешела, по долга потрага по одговорот

Ѕвездата од филмовите „Дух“ и „Стриптиз“, Деми Мур, зад себе има три пропаднати брака, а интересно е тоа што го задржала презимето на првиот сопруг со кого најкратко била во брачна заедница.

Имено, познатата бринета е родена под името Деми Џин Гајнес, а по бракот со рокерот Фреди Мур (1981-1985) одлучила да го задржи неговото презиме.

Со акциониот јунак Брус Вилис била во брак од 1987 до 2000 година, во кој родила три деца, а во третиот брак со помладиот Ештон Кучер се впуштила во 2005 година. Иако многумина им предвидувале брз крај, тој брак потрајал дури осум години.

https://www.instagram.com/p/B97IRfFnb28/?utm_source=ig_embed

По сите тие искуства, дури пишувањето на мемоарите објавени под името Inside Out ѝ помогнало да сфати каде грешела.

Се менувала себеси за да ја прифатат мажите

„Сите тие години толку многу се менував, секој пат одново, за да се вклопам во сликата на она што мислев дека го сакаат другите. Всушност, цело време работиме на тоа да бидеме пожелни, но ги занемаруваме своите желби“, открила Деми.

„Мислам дека тоа е цел процес на вљубување во самиот себе и прифаќање на тоа што навистина си“, додала таа.

„Да поминеш низ патување во кое ја цениш љубовта што ве споила и навистина да дадеш сѐ што можеш… тоа е возможно само ако навистина се сакаш и се прифаќаш себеси“, објаснила актерката.

https://www.instagram.com/p/B2MmLhqhs1S/?utm_source=ig_embed

За ништо не се кае

„Беше неверојатно важно повторно да поминам низ минатото и да почнам да ги ценам работите низ кои поминав. Сѐ што ми се случило, добро или лошо, сега го прифаќам“, заклучила 57-годишната актерка.

Најшокантниот детаљ од биографијата на Деми Мур: „Мајка ми дозволи да ме силуваат за 400 долари!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.