Дејвид Бекам им одржал лекција на мажите: Не е ни чудо што е во брак со Викторија цели 23 години!

Вистински џентлмен!

Дејвид Бекам покажал дека е вистински џентлмен, Викторија со причина е вљубена во него

Дејвид и Викторија Бекам на почетокот на јули прославија 23-годишнина од бракот. Тие заедно уживаат во магијата на летото и ја воодушевуваат јавноста со своите фотографии.

Според фотографиите, нивната љубов сè уште цути. Викторија споделила емотивна порака на денот на нивната годишнина и на сите им ставила до знаење дека нивната љубов никогаш не била посилна.

„Велат дека не е забавен, велат дека никогаш не се смеам, велеа дека нема да потраеме. Денес славиме 23 години во брак. Дејвид, ти си моето сè, многу те сакам“, напишала Викторија.

Во бракот добиле четири деца. Нивниот син Бруклин Бекам неодамна се ожени, па се очекува дека Викторија и Дејвид наскоро ќе го дочекаат своето прво внуче.

Двојката оваа година помина неколку дена во Хрватска, каде што престојувале на островот Лопуд, а потоа го продолжија своето патување во Италија.

Бекамови моментално уживаат во Франција, во познатото летувалиште Сен Тропе, додека папараците уловиле неколку фотографии, од кои една особено привлекла внимание. Имено, Дејвид ја зел својата сакана во раце и ја пренел до чамецот со којшто подоцна пловеле.

Со тој гест покажал каков џентлмен е тој, како и зошто Викторија е лудо вљубена во него.

Викторија и овој пат го покажала своето згодно тело, одлучувајќи се за тесен бел фустан, кој ги истакнувал нејзините атрибути.

Блазе си ѝ на Викторија, нејзиниот сопруг нема пивски стомак: Дејвид Бекам има 47 години и изгледа како Аполон!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.