Дали прељубата е „неизлечива болест“?

Истражување открива

„Еднаш прељубник – секогаш прељубник“ – има ли вистина во тоа?

Истражувачите од Универзитетот во Денвер сакаа да откријат дали изневерувањето во претходна емотивна врска може да биде фактор на ризик и во идните партнерства.

Во петгодишното истражување учествувале 484 испитаници, кои биле прашани дали го изневеруваат својот сегашен партнер, дали се сомневаат дека тој не им е неверен и дали прељубниците изневеруваат и во идните врски.

Една студија наречена „Еднаш прељубник, засекогаш прељубник? Сериско неверство во последователните врски“, покажа дека емоционалното мамење во претходните врски е важен фактор на ризик за неверство во следните врски. Ако партнерите биле склони кон прељуба, постои голема шанса да ја повторат.

Авторите на истражувањето рекоа дека примерокот на кој е направена студијата е мал и дека е потребно да се направат понатамошни истражувања, изразувајќи надеж дека студијата ќе помогне да се спречи сериско неверство во врските.

Прочитајте и: Тешкото детство може да биде причина за потешкотии во врските и сексот, еве што да направите

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.