Да му се вратите на бившиот? Еве зошто ги преиспитуваме сопствените постапки по раскинувањето

Искуствата на жените што дале втора шанса

Ретрото е во мода, и тоа во секој дел од животот. Цветни дамски фустани, ретро-автомобили, розови „веспи“, велосипеди со плетени кошници, молив и хартија… Се враќа сè. Но дали тоа значи дека би требало да размислиме и за враќање на бившиот во нашиот живот?

Сигурно сте се сретнале со бившиот барем еднаш во животот. И јас исто. Беше зима, но не и романтична. Студена, влажна, тмурна и по малку баксузна. Ја чекав другарка ми во блиското кафуле, во кое се најдов сосема случајно – зимата сакаше така. А таа, како и секое женско, доцнеше. Под изговорот дека патиштата се замрзнати и дека владее хаос во сообраќајот, ја чекав подолго од еден час. Да не должам…

На вратата на кафулето се појави мојот бивши. Сè уште не беше романтично – повеќе непријатно и неочекувано. Ниту да се израдувам, ниту да ја завртам главата. По краток формален разговор, секој од нас продолжи со чекање на пријателот. За време на таа непријатна тишина, се запрашав: „Што ќе беше денес доколку останевме заедно?

Дали ќе бев среќна или сè уште ќе се лутев поради чорапите среде собата? Дали ќе успеевме да ги надминеме проблемите или ќе се каравме и за обична тоалет-хартија?“ Сакал-нејќел, се присеќаш прво на убавите работи… на грдите и не се сеќаваш, особено ако си раскинал поодамна. Кој да влече куфер со лоши мисли толку многу години.

И така, навираат убавите спомени, кои ја будат и убавата емоција што си ја чувствувал тогаш, па емоцијата ја буди „малата лошотија-носталгијата“, а носталгијата те тера да помислиш тивко „можеби би можеле повторно да се обидеме“…

И тој црв на сомнежот почнува да копа низ мозочните клетки и да ги отвора фиоките што ги затворив одамна. Па почнав посериозно да се преиспитувам. Така дојдов до некои заклучоци, поточно – ги начнав.

Зошто се вљубуваме? Зошто сакаме? Која е разликата меѓу овие чувства? Зошто ѝ се враќаме на старата љубов?

Психолозите велат дека жените многу почесто и подолго го анализираат изминатиот партнерски однос. Со анализа на односот, на неговиот успех или неуспех, генерално се занимаваат паметни, млади, емоционално зрели или созревачки личности, кои го сфаќаат значењето на љубовта.

Со таквата анализа се занимаваат мажи и жени што се способни да бидат и сами, бидејќи самите себе си се добро друштво, но сакаат да го поделат животот со компатибилна личност, затоа што така е попријатно и поубаво. Тоа се лица што можат да бидат и зависни и независни, што е еден од знаците на здравото его.

Со текот на времето, тагата слабее, но што е со сеќавањето?

Она што сме го доживеале некогаш, а е значајно за нас, често се реактивира во ситуациите што нè потсетуваат на тие доживувања. Кога лицето ќе се присети на старата љубов или кога во идната врска ќе наиде на делови што ги распознава како клучни за крахот на поранешната врска, тогаш често се повикуваат негативните емоции.

Но доколку со таквите емоции претходно не се „пресметала“, личноста со текот на времето почнува емоционално да се изолира од нив и станува рамнодушна кон нив. Затоа непријатните ситуации не треба да бидат заборавени, затрупани во нашата психа. Тие се мошне значајни и бараат да се увидат причините за несаканите последици – тие се нашите потенцијални корективи.

Луѓето не се разликуваат по тоа дали „паѓаат“ или не, туку по тоа како „паѓаат“, колку брзо стануваат и што учат од тоа, за да продолжат да чекорат поквалитетно. Доколку сите овие техники личноста не успева да ги совлада сама, чувствувајќи се беспомошно и безизлезно, тогаш треба да побара стручна помош.

Искуствата на жените што дале втора шанса

Изабела, 26

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.