Семејството Живојиновиќ по успешната турнеја на Лепа Брена во Австралија, замина на заслужен семеен одмор на Бора Бора.
Популарната „четворка“ ужива во сите задоволства што ги нуди оваа егзотична дестинација, а за тоа сведочат и фотографиите што постариот син Стефан Живојиновиќ ги споделува со своите следбеници на социјалните мрежи. Благодарение на фотките, обожавателите на популарната пејачка можеа да се уверат дека љубовта меѓу Брена и Боба се’ уште „цвета“… Гулапчињата разменуваат нежности во тиркизните води на Бора Бора.