Брачни терапевти откриваат: Трикови што можат да ви го спасат бракот!

Дознајте!

Да се биде во брак со некого цела деценија, две, па дури и три и повеќе, се чини како невозможна мисија во денешно време

Уште при првите проблеми, двојките имаат тенденција да се разделуваат и да бараат спас кај други луѓе. Со тоа останува прашањето, како на постарите генерации им успевало да останат заедно до крајот?

Можеби веќе сте била кај брачен терапевт, сами или со партнерот и ако работите меѓу вас не се поправиле драстично, ви предлагаме неколку трикови за спасување на бракот, со кои не можете да погрешите.

Фокусирајте се на конекцијата, не само на комуникацијата

Комуникацијата е многу важна, но поврзувањето со партнерот е клучно. Што значи тоа? Иако е важно за се’ да разговарате со вашиот сопруг, она што е поважно од искажувањето на вашите мисли и чувства е вежбањето емпатија и сочувство кон партнерот. Само на тој начин е возможно вистинското поврзување со вашиот сопружник.

Разговарајте наизменично и слушајте што има тој да каже

Ова е моќна алатка со која имате големи шанси да го спасите својот брак, ако знаете да ракувате со неа. Таа овозможува секој партнер да биде испочитуван и еднакво да се вреднуваат неговите мисли и чувства. Кога разговарате, настојувајте да зборувате наизменично. Како што вие сакате тој да ве чуе и разбере, така мора и вам да ви биде важно сето тоа што тој има да го каже.

Заменете го осудувањето со љубопитност

Замената на осудата со автентична љубопитност претставува активен начин на подобрување на односот во бракот. На овој начин му ставате на партнерот до знаење дека не го осудувате, туку дека се грижите за него. Кога го слушате што има да ви каже, со доза љубопитност во себе и без ронка осудување на неговите мисли и ставови, му давате простор да биде тоа што е.

Насмејте го вашиот партнер барем еднаш дневно

Кога врските стануваат премногу крути и затегнати, двојките многу лесно забораваат дека некогаш се забавувале заедно. Ако барем за момент ги тргнете на страна сите проблеми што ги имате и најдете начин да и’ се насмевнете на саканата личност, тоа е голем плус за вашиот брак. Насмевката е природен лек за ублажување на напнатоста и стресот, а фактот што сте се потрудиле околу него ќе му даде знак и тој да го стори истото и да ви го разубави денот.

Мажите не смеат да ги изгубат овие 5 навики кога ќе стапат во брак!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.