Болната афера на Џеки Кенеди за која малку се знае: Го завела деверот и го разделила од неговата жена и 11 деца!

Дознајте повеќе

Фотографиите од погребот на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди длабоко се врежани во колективното сеќавање на светската јавност. Облечена во црн костим и со превез што го покривал нејзиното тажно лице и солзите, вдовицата Жаклина Кенеди цврсто ги држела за рака ќерката Каролина и синот Џон

Покрај неа, целото тоа време бил брат му на Кенеди, Роберт. Иако Џеки веќе имала добар однос со Роберт, по смртта на сопругот нивната поврзаност станала уште посилна, а на крајот резултирала и со афера, која била јавна тајна во американските високи кругови.

Ако Џеки некогаш сакала некого, тогаш тоа бил Боби, рекол во една пригода славниот книжевник Гор Видал, нејзин близок пријател.

По смртта на Кенеди, Џеки и Боби си биле поддршка еден на друг. Тој тешко се справувал со загубата на брат му кого го сметал за свој најдобар пријател и верувал дека само Џеки може да сфати колку е силна болката што ја чувствува.

Тоа, секако, ѝ пречело на неговата сопруга Етел, со која имал 11 деца. Меѓутоа, Етел толку го сакала својот сопруг, што била подготвена да му прости буквално сè, па дури и прељуба.

За разлика од Кенеди, кој не бил многу дискретен со своите афери, Боби и Џеки никогаш не дале повод за јавноста да се посомнева дека се случува нешто помеѓу нив. Етел ја ценела дискрецијата и ѝ било важно само Боби  секогаш да се враќа дома кај неа и децата на крајот од денот.

По смртта на брат му, Боби станал централната машка фигура во животот на неговите деца. Сметал дека негова должност е да се грижи за Каролина и Џон помладиот, кои секако го обожавале.

Во периодот кога Америка тагувала поради загубата на претседателот, Боби бил цврст како карпа, бидејќи знаел дека сега најмногу им е потребен на неговото семејство, но и на народот.

Внукот на Џон и на Џеки Кенеди го освојува светот: Станува сè позгоден, влегува во политика и е голем заводник!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.