Била убедена дека сопругот ја изневерува, па поставила камери: Сè очекувала дека ќе види, но не и ова!

Некогаш не е сè како што изгледа

Шестото сетило ѝ кажувало дека тука има нешто повеќе

Марија три години била во хармоничен брак. Сè било совршено до пред 3 месеци кога забележала дека нејзиниот сопруг и најдобрата пријателка се однесуваат чудно.

Со оглед на тоа дека се познавале речиси цел живот, не било ништо чудно што одвреме-навреме оделе сами на кафе, но во последно време тоа станало сè позачестено.

Тогаш, кај Марија се појавил сомнеж. Нешто ѝ кажувало дека тука работите не се чисти и дека ги поврзува нешто повеќе од пријателство. Немала конкретни докази, ниту храброст да се соочи со сопругот и да му го постави ова прашање, па одлучила да го направи следново.

Купила камери, ги поставила насекаде низ домот и чекала да ги улови прељубниците. Токму како што мислела, тие влегле во куќата додека таа била на работа, видно расположени. И токму тогаш, вистината излегла на виделина.

Марија била подготвена на сè, очекувала да види сè, освен тоа што се случило.

Седнале на кревет и во следниот момент, тој извадил дијамантски ѓердан и тоа токму тој што Марија го посакувала со години. Пријателката воодушевено гледала во ѓерданот, а потоа го спакувала во украсна хартија и тогаш на Марија сè ѝ станало јасно.

Немало тука никакво неверство. Нејзиниот сопруг само сакал да ја изненади, а му била потребна помош и пријателката на Марија точно знаела што сака таа. Почесто се гледале бидејќи оделе по златарници во потрага по совршеното парче.

„Во тој момент почувствував неверојатно чувство на вина што ми паднало такво нешто на памет. Ги тргнав камерите, а на сопругот и пријателката никогаш не им ја споменав оваа љубоморна епизода. Мислам дека тоа засекогаш ќе остане моја тајна“, рекла таа.

Што мислите вие за тоа што го направила Марија? Дали би постапиле исто или би разговарале отворено со партнерот?

Како да спречите неверство на партнерот?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.