„Бев руина од човек, додека не ја сретнав неа“: Еве како Кристина го сменила Кевин Костнер!

Љубовна приказна

Актерот минувал низ разни успеси и падови, а потоа ја сретнал неа…

Кевин Костнер (64) е американски актер познат ширум светот. Тешко дека постои човек  што не го гледал филмот „Телохранител“, во кој ја играл главната улога. Костнер е добитник на Златен глобус и Оскар (за филмот „Танц со волците“) и играл во десетици популарни филмови.

Меѓутоа, животот не му бил многу среќен. Кевин Костнер морал да помине низ успеси и падови, се’ додека конечно не ја запознал жената што му го сменила животот. Му ја вратила вербата во љубовта, желбата да стане подобар.

Додека на екранот бил човек полн со самодоверба, силен победник, во приватниот живот доживувал разочарување по разочарување. Од бракот со првата сопруга Синди Силва добил три деца, но се развел од неа во 1994 година.

Се чинело дека ништо не може да го изненади во животот, но потоа ја запознал манекенката и дизајнерка на чанти, Кристина Баумгартнер. Како што излегло, тоа било љубов за цел живот.

Се’ започнало во 1994 година. Тогаш Костнер се’ уште не ја ни познавал Кристина, но неговиот брак се распаѓал. Многу размислувал дали да го прекине бракот, најмногу поради децата. Кевин сакал да го спаси семејството. На крајот, тој и неговата тогашна сопруга дале заедничка изјава:

„По 16 години брак ја донесовме оваа тешка одлука – да се разведеме. Одлучивме да го прекинеме бракот. Се разведуваме апсолутно мирно. Прво пријателски ги решивме сите финансиски прашања и прашања поврзани со старателството на децата. Без навреди и конфликти, готово е…“

По разводот, Кевин се гледал со различни жени,  но брзо ги раскинувал врските. Дури ни раѓањето на незаконскиот син Лиам во 1996 година не променило ништо. Актерот помислувал дека не е повеќе способен за долги врски.

Меѓутоа, сето тоа се променило во 1999 година, кога ја запознал Кристина на голф терен.

„Кога ја запознав Кристина, не ни помислував дека повторно можам да се вљубам во некого“, се присетил Костнер.

„Но штом почнавме да се дружиме, се излечив од песимизмот. Се чувствував како непозната сила одново да ме составува од илјадници делови, кои дотогаш ми биле скршени. Како повторно да се родив.“

https://www.instagram.com/p/B4gh6OLl4Oc/?utm_source=ig_embed

Иако врската помеѓу Кевин и Кристина била прекрасна, парот раскинал. Вистината била дека Кевин не бил подготвен за венчање и брак. Причината била тоа што тој и Кристина не се согласувале на темата деца.

„Стравот не ми дозволи да се оженам со Кристина. Таа навистина сакаше дете, додека јас не бев сигурен дали ќе му бидам добар татко на тоа дете“, признал актерот.

Кристина била непоколеблива: сонувала да роди дете. Па така, во 2002 година по 4 години врска, раскинале.

Ми кажа: ‘Те сакам и ќе те чекам. Но не долго. Ако се премислиш, врати се и јас ќе те прифатам’“, се присетил Костнер на зборовите што Кристина му ги кажала кога раскинале.

„Тоа и го направив. Не би можел да живеам без Кристина. Се разбудив едно утро и си помислив: ‘Ќе ја изгубиш најубавата жена на планетата. Таа е подготвена да биде со мене до последен здив, а јас се плашам да имам деца? Не смееш да ја пропуштиш љубовта. Само кажи да!’“

Во 2003 година, Кевин и Кристина се венчале на еден ранч во близина на Аспен. Венчавката била интимна, а присуствувале и двете ќерки на Кевин од првиот брак.

И покрај тоа што Кевин се плашел да има уште деца, набрзо повторно станал татко. Првите три години, парот одлучил да живее само за себе, но веќе во 2007 година на свет дошол нивниот прв син Кајден.

Од тој момент, Кевин Костнер потполно се променил. Повеќе не се појавувал во скандал-рубрики. Станал грижлив сопруг и татко – вистински семеен човек.

Актерот во едно интервју открил како би сакал да го паметат неговите деца.

https://www.instagram.com/p/B4HoZPoI7DU/?utm_source=ig_embed

„Мислам дека многу си играв со нив. Никогаш не сум разговарал со нив, туку секогаш седев и си играв. И ни беше одлично, не се плашевме од никого и ништо!“

15 години по венчавката, Кевин Костнер признал дека станал уште посреќен.

„Се вљубив во животот, сопругата и децата! Тоа не значи дека не морам повеќе да работам на врските. И понатаму се трудам, бидејќи имам три деца што мора да живеат во хармонично и добро семејство. Имам многу убава жена и не сакам таа да гледа во никој друг освен во мене. Затоа се трудам да бидам посебен за неа, а не како сите други…“

На прашањето која е тајната за неговиот среќен брак, Кевин изјавил:

„Можеби тоа е способноста да признам грешка и да побарам прошка. Знам дека звучи едноставно. Но од некоја причина, на многу луѓе им е тешко да кажат ‘извини’. Не треба да се плашите да и’ признаете на саканата личност дека не сте биле во право и дека ви е жал. Тоа само ја зајакнува врската.“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.