Бесплатен љубовен совет од Џенифер Лопез за тоа „како да се избере вистинскиот партнер?“ (ВИДЕО)

Помага во ширењето на љубовта

Сега, откако Џенифер Лопез  е среќно вљубена во пензионираниот играч на Јенкис, Алекс Родригез, таа е подготвена да ја шири љубовта далеку и широко.

Во новото видео за Swipe Session на „Тиндер“, Лопез седнува со Брук да ѝ помогне да го пронајде Вистинскиот на популарната апликацијата за средби.

Лопез понуди неколку совети за подобрување на профилот за средби на Брук, а и даде насоки како да врши селекција.

Имено, Брук изјавила дека сака маж што „знае да цепи дрва“, а во текот на процесот на потрагата, откако Брук одлучила да не избере еден од потенцијалните додворувачи затоа што во описот пишувало:

Доколку чуваш кечап во фрижидер, нема да може да функционираме“.

 

Затоа популарната актерка и пејачка одлучила да ѝ даде совет, кој гласи:

Мажите се целосно бескорисни до 33 година.“

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Оваа изјава веројатно не се однесувала на сите мажи до 33 години, но еве кои се зборовите на Џејн Грир, докторка и експерт за врски од Њујорк, во врска со тоа:

На мажите можеби им е потребно да стигнат до раните триесетти години за да ја стават кариерата на вистинските темели и да бидат финансиски стабилни, а тоа им помага да имаат самодоверба во врската со својата девојка. Како резултат, тие така стекнуваат потреба за зрелост која што доаѓа со постигнатите работи во животот, искуството и успехот“, изјавила Грир.

Тоа не значи дека момчињата кои имаат 20 години воопшто не треба да се земат предвид, но експертката вели дека посериозна врска нудат мажите кои имаат над 30 години.

Понекогаш најдете си момче кое што било во неколку врски и потоа во текот на своите 30-ти години запознава идеална жена и подготвен е да се венча со неа“, додала експертката.

Советот од латино-дивата можеби не е применлив за секој, но доколку знаете колку вредите и имате стандарди кои што се согласуваат со тоа – никогаш нема да ви одмогне.

Извор: kurir.mk

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.