Беа најубавата двојка на Инстаграм, сите им се восхитуваа, но зад магичните фотки се криела морничава вистина: Посурово не може да биде!

Алексис Рен и Џеј Алварез

Алексис Рен и Џеј Алварез беа една од омилените двојки на социјалните мрежи со илјадници следбеници, но во нивната врска не било сè како што изгледало на фотографиите

Американската манекенка Алексис Рен (25) и моделот Џеј Алварез (26) беа во врска две години и ја носеа титулата најубава двојка на Инстаграм, а нивните магични фотографии од патувањата низ светот им го одземаа здивот на корисниците на социјалните мрежи.

Меѓутоа, малкумина ја знаеле мрачната тајна што се криела зад нивниот навидум хармоничен однос.

Имено, Алексис неодамна открила дека врската со колегата била токсична и дека ја злоупотребувал и физички и психички пред да стават точка на нивниот однос.

„Беше манипулативен и суров“, рекла Алексис во подкастот Call Her Daddy.

Исто така, открила дека Џеј зад нејзин грб, без нејзино знаење, во договорите навел дека процентот од нејзината заработка ќе оди кај него, поради што по судска постапка морала да се бори за своите пари.

„Нашата врска на почетокот беше неверојатна. Мислам дека ме сакаше и дека на почетокот сè беше реално. Се чинеше дека е многу поврзан со природата, секогаш зборуваше за љубовта. А потоа, кога навистина се запознавме, дознав дека и двете наши мајки починале од рак. Тоа дополнително нè поврза и мислев дека навистина ме разбира. Но како што пристигнуваа парите, така работите се менуваа. Кога работата стана поголема од нашата врска, сè само се влошуваше“, рекла таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alexis Ren (@alexisren)


Како што кажала, чувствувала голем притисок да биде совршена за да ги исполни очекувањата што ги имале обожавателите, но и нејзиниот партнер.

„Морав да бидам сигурна дека сум најдобрата девојка, да бидам совршена за него и да ги правам сите тие работи, бидејќи никој нема да ме сака ако не го направам тоа. Имав чувство дека нема да му се допаѓам ако не бидам таква. Се сеќавам дека секое утро станував многу порано од него за да се нашминкам и да изгледам добро“, раскажала таа.

Алексис открила дека манипулацијата продолжила и по раскинувањето на двегодишната врска.

„Продолжи да договара наши ангажмани. Во сето тоа беше вклучен и нашиот менаџер, мајстор за манипулација.“

Џеј Алварез во 2017 година завршил во медиумите кога се појавила снимка на која се гледа како му се лизнува од раце ногата на девојка која паѓа од гребен.

„Падна на карпа, околу три метри подолу. Не скрши ништо, но ги повреди стапалата и грбот. Веднаш отидовме во болница, не можеше да оди неколку дена, но на крајот сè заврши добро“, раскажал тогаш по бројните критики.

Во 2019 година објавил гола фотографија од својата тогашна девојка Валентина Фрадеградо и повторно ги разгневил луѓето со тоа.

Што ја натерало Ема да се вљуби во 40 години постар актер: И Холивуд се ежи кога ќе ја види оваа двојка, а еве и зошто!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.