Ана Винтур (71) повторно вљубена: Дали познатиот актер од романтични комедии го освои срцето на челичната леди?!

Дознајте повеќе!

Партнерот на Ана Винтур им е добро познат на љубителите на романтични комедии

Дали ова е „Љубов, всушност“? Откако минатата година се развела од вториот сопруг, тексашкиот бизнисмен Шелби Брајан, првата дама на американскиот магазин „Вог“ постојано е под лупата на папараците, кои се обидуваат да дознаат дали во нејзиниот живот се појавила нова љубов.

Кој го освои срцето на „челичната леди“ Ана Винтур? Славниот британски актер Бил Најхи одамна е сомнителното лице, а нивната неодамнешна средба во ресторанот „Пјерлуиџи“, ни помалку ни повеќе туку во вечниот Рим, би можело да биде доказ дека станале повеќе од пријатели.

Имено, ѕвездата од филмот „Љубов, всушност“ и уредничката на „модната библија“, со години се дружат интензивно. Заедно одат на модни ревии, премиери, претстави… Но дека заедно патуваат на романтични европски дестинации – тоа досега не било забележано. Бил во римскиот ресторан пристигнал со црвени рози.

Вечера за двајца, нежни погледи, само што не полетале купидони околу масата… Паднала и прегратка, а потоа заминале во непознат правец. На лицето на секогаш строгата Ана Винтур била забележана дури и насмевка.

А тоа кажува многу, нели?

Ана Винтур покажала како изгледа по дома: Обожавателите шокирани!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.