Ако мажена жена изгледа добро и покрај годините: Еве кој е заслужен за тоа!

Баш така!

Жената треба да се чува и негува како најскапоцено нешто

Ако мажена жена изгледа добро, и покрај годините, мора да му пријдете и да му пружите рака на нејзиниот сопруг. И в очи значајно да го погледнете. Тоа е негова заслуга.

Не ја мачел својата жена со ужасни трикови. Не и’ ја препуштил неа тешката работа. Не ја обвинувал, не ја критикувал, не викал на неа, ниту со груб глас и’ се обраќал.

Ја прегрнувал, ја љубел и ја сакал. И’ кажувал пофални зборови, и’ делел комплименти. Ја штител од опасности. Ја тешел, кога била загрижена. И благодарение на доброто однесување, добил убавица.

Во 40-тите години тоа е толку јасно! Жената на добриот маж е убава, елегантна, спокојна. Седи, се смешка. Или работи нешто по дома. Или едноставно шета рака под рака со мажот навечер, а сите останати мажи му завидуваат. Си мислат: зошто мојата жена не е таква?

Јасно е зошто не е – жената треба да се чува и негува како нешто скапоцено.

Како скапа машина, и едноставно како човек. А покрај секоја мажена, не повеќе млада убавица, стои оној кому треба да му се подаде рака – нејзиниот сопруг.

И, секако, постојат прекрасни дами кои се сами. А веројатно и жени што ги сочувале убавината и достоинството во несреќен брак – но такви жени ретко се среќаваат. Мора да ја чувате вашата жена уште од млади денови – тогаш сигурно ќе биде убавица и паметница. И сите ќе зборуваат дека му се посреќило на тој човек со жената!

Можеби и му се посреќило. Но пред се’ тоа е заслуга на мудриот и добар маж. Изгледот и карактерот на жената многу зависат од односот кон неа.

Од добрите зборовите, жените блескаат и се подмладуваат. Од прегратките стануваат повити. Од бакнежите стануваат поубави и подобри.

И по повозрасната жена секогаш можете да видите каков маж има – добар или лош.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.