Ако е доволно глупав да си замине, бидете доволно паметни да го пуштите: Само не правете го ова!

Жени, памет во глава!

Болно е да лудувате по некој што одлучил дека не сака да има ништо со вас

Многу девојки се обидуваат да го задржат својот партнер покрај себе на сите можни начини. Меѓутоа, колку и да ви се чини примамливо да ја убедувате саканата личност да се премисли и да остане покрај вас, сепак подобро е да го пуштите да си оди.

Ви носиме низа причини поради кои навистина подобро е да го пуштите, ако тој е решен дека не сака да биде повеќе со вас.

Никако не го молете да остане

Иако „те молам, не си оди“ е единственото нешто што ќе ви биде на работ на усните во ситуација кога се соочувате со заминувањето на саканата личност, важно е да се обидете да се воздржите од тоа. Болката што моментално ја чувствувате, ќе исчезне со текот на времето, а кога ќе се случи тоа, ќе бидете многу позадоволни од себе поради начинот на кој сте постапиле, пуштајќи го достоинствено да си оди.

Ќе најдете личност која сака да биде со вас

Не постои сомнеж дека ако останете доследни на себе, ќе најдете некој што ќе сака да биде покрај вас, без да треба да го молите. Можеби моментално сте премногу вљубени и повредени за да размислувате за друг маж, но тој навистина не е единствениот на светот и не ја заслужува вашата љубов. Ако е решен да си замине, значи дека не ве сака искрено, а сигурно заслужувате повеќе од тоа.

Тој еден ден ќе се покае, но вие нема!

Можеби ќе помине само една недела, а можеби и цела деценија, но едно е сигурно: тој ќе зажали поради својата одлука. Токму тој дечко што сега ноншалантно си заминува од вашиот живот, ќе сфати дека погрешил и ќе ве моли да го примите назад. Меѓутоа, вие ќе го преболите и ќе сфатите дека тоа било само важна лекција во вашиот живот. Дотогаш веќе ќе бидете среќни со некој друг.

Ова ќе ве направи посилна личност

Сето тоа низ коешто минувате моментално е само еден мал тест. Ако успешно му одолеете на тоа да го преколнувате да остане, ќе излезете од целата приказна како посилна и посигурна личност, со повисоки стандарди. Ако го пуштите да си оди, кога сè што сакате е да го молите да остане, ќе видите колкава сила имате. Тоа воедно ќе ви покаже и дека заслужувате храбар маж, а не кукавица.

Раскинувањето љубовна врска може да донесе и позитивни работи!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.