7 работи што жената во брак засекогаш треба да ги заборави

Оставете ги во минатото

Истото важи и за мажите

Речиси секоја жена сонува за совршен брак и семејство. За да се постигне тоа, треба правилно да се постават приоритетите, односно да се заборават некои од работите што сме ги правеле пред брак. Истото важи и за мажите.

1. Себичност

Ако сте биле единствено дете во семејството, постои голема веројатност дека сте навикнале се’ да биде по ваше. Но, кога ќе стапите во брак не смее да постои само „јас“, туку повеќе „ние“. Треба да заборавите и на навиката секогаш да бидете во право, бидејќи раскинувањето ќе биде неизбежно. За добар брак, важно е двајцата да бидете подготвени на компромис.

2. Најлошото женско однесување

Сите имаме свои моменти на бес и нервоза, но никој не може секојдневно да поднесува хистерија за секоја ситница. Уцените, изливите на гнев и удирањето на партнерот со предмети што ќе ви се најдат при рака никако не се основа за добар брак.

3. Нерешени конфликти

Проблемите што се одложуваат, емоционалната воздржаност и ниското ниво на самоконтрола се фактори што би можеле да ги убијат и најдлабоките чувства.

4. Озборување на сопругот

Нема никаква причина вашите тајни и пикантерии да им ги кажувате на странци. За тоа постојат две главни причини, прво сопругот веројатно ќе ви се налути, а второ, друштвото ќе го смени мислењето за него, но и за вас.

5. Делење

Денес многу жени заработуваат еднакво, ако не и повеќе од мажите. Верувањето дека мажот е задолжен за издржување на семејството, одамна е паднато во заборав, па не заборавајте дека вашата плата не е повеќе личен, туку семеен приход, и дека се’ би требало да делите со сопругот, како и тој со вас.

6. Ограничена интимност

Исфрлањето на сопругот од креветот секогаш кога нешто не ви одговара, не е добра опција. Таквата манипулација брзо ќе му досади на секој маж и нема долго да чека за да ве остави или да побара нежност на друго место.

7. Опсесија

Грижата за личноста што ја сакате е сосема нормална, но кога ќе премине во опсесија станува неподнослива. Дајте му на вашиот сопруг време и простор за неговото хоби, за дружење со пријателите, читање… Не мора да бидете со него 24 часа дневно, така само ќе го гушите.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.