6 познати љубовници што станале сопруги: Овој спортист ја оставил бремената жена поради НЕА!

Се шушка

Тие ги запознале своите сопрузи додека сè уште биле во брак, за на крајот токму тие да им станат сопруги

Многу двојки на јавната сцена се запознале додека сè уште биле во брак со други партнери, а се шушка дека тие познанства довеле до разводи, а потоа и до бракови со љубовниците.

1. Анџелина Џоли

Оваа актерка важи за една од најпознатите љубовници на светот која станала сопруга. За време на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“, таа се зближила со колегата Бред Пит, а хемијата помеѓу нив се чувствувала во воздухот. Актерот тогаш бил со Џенифер Анистон. Анџелина и Бред воедно беа и еден од омилените љубовни парови кому сите му се восхитуваа, но неодамна дојде до крајот на нивниот брак.

2. Камила Паркер

Кралската двојка дефинитивно е една од најкоментираните кога станува збор за прељубите. Познато е дека принцезата Дијана изнела тврдења што ги поткрепуваат сомнежите дека Чарлс ја изневерувал со Камила:

„Во бракот нè имаше тројца“, рекла принцезата Дијана.

Откако го прекинал бракот со Дијана, Чарлс се оженил со својата долгогодишна љубов Камила.

3. Амбер Херд

Џони Деп наводно започнал афера со Амбер додека бил во врска со Ванеса Паради. Потоа ја раскинал 10-годишната врска со Ванеса и се оженил со 28-годишната Херд. Тие се разведоа на неславен начин, а целиот случај беше проследен со низа скандали кои кулминираа кога се соочија на суд.

4. Жизел Бундшен

Двојката во последно време е во центарот на вниманието поради шпекулациите дека се разведуваат. Почетокот на нивната врска привлече уште поголемо внимание со оглед на тоа што Том Брејди започнал врска со Жизел откако ја оставил бремената сопруга Бриџит Мојнахан.

„Поминувањето низ тој трауматичен период бремена и со скршено срце ми го преврти животот наопаку“, раскажала еднаш Бриџит.

5. Мелани Грифит

Мелани Грифит го запознала Антонио Бандерас на снимањето на филмот „Премногу“ за подоцна да се роди страст помеѓу нив. Интересно е што во тој период и двајцата биле во брак. Кога завршиле со снимањето на филмот, ги прекинале своите бракови и решиле да се венчаат. Нивниот однос траел до 2015 година.

6. Џулија Робертс

Љубовта помеѓу Џулија и снимателот Даниел Модера се родила додека и двајцата веќе имале партнери. Тие се запознале на снимањето на филмот „Мексиканец“, додека тој бил во брак со шминкерката, а таа во врска со Бенџамин Брат.

Најубавата жена на светот со години му била љубовница на сегашниот сопруг: Ги менувала мажите како чорапи, а „паднала“ на оженет!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.