Многумина не ги забележуваат вистинските причини за развод додека не биде предоцна
Разводот ретко се случува ненадејно. Зад него речиси секогаш се кријат години ситни замерки, неизговорени реченици и погрешни уверувања. Дури кога ќе заврши бракот, многумина сфаќаат дека проблемот не бил во големите драми, туку во секојдневните навики кои полека го уништувале односот.
Психотерапевтите често нагласуваат дека љубовта не е доволна, ако не постои разбирање и компатибилност. Токму во тие „невидливи“ грешки се крие причината зошто многу бракови не опстануваат.
1. Подразбирање на работите – тишина што оддалечува
На почетокот од врската сè се кажува, објаснува и дели. Со текот на времето, партнерите почнуваат да се подразбираат меѓусебно.
- „Тој знае како се чувствувам.“
- „Таа би требало да сфати без да кажам.“
Во реалноста, тоа ретко се случува. Наместо разбирање, доаѓа до недоразбирања, разочарување и чувство дека не сме видени и сфатени. Дури по разводот луѓето сфаќаат дека со години живееле еден покрај друг, а не заедно – бидејќи не го комуницирале она што било најважно.
2. Одбегнување конфликти – мир што разорува
Многумина веруваат дека добриот брак е оној без кавги. Но одбегнувањето на конфликтите не значи дека не постои проблем – значи само дека е турнат под килим.
Неизговорените работи се насобираат:
- ситните замерки стануваа големи
- фрустрациите растат
- емоциите се ладат
На крајот, еден од партнерите експлодира или комплетно се повлекува. Здравиот брак не е оној без конфликти, туку оној во кој конфликтот се решава навреме.
3. Занемарување на блискоста и интимата
Интимноста не е само физичка – таа подразбира допир, внимание, разговор, присуство. Во долгите бракови често доаѓа до оддалечување:
- партнерите стануваат „цимери“
- разговорите се сведуваат на обврските
- допирите исчезнуваат
Многумина дури по разводот сфаќаат колку им недостасувала блискоста што ја земале здраво за готово. Без неа, бракот губи топлина и станува функционална заедница без емоции.
4. Бракот на последно место
Децата, работата, обврските, семејството – сето тоа со текот на времето станува поважно од партнерскиот однос. И додека се чини дека тоа е нормално, последиците се сериозни:
- партнерите престануваат да вложуваат еден во друг
- бракот станува секундарен
- поврзаноста слабее
Кога децата ќе пораснат и обврските ќе се намалат, многумина сфаќаат дека останале со човек кого не го познаваат веќе.
5. Нереални очекувања – потрага по совршенство
Една од најголемите грешки е верувањето дека партнерот треба да ги исполни сите наши потреби:
- да биде и пријател и љубовник и поддршка во сè
- секогаш да разбира и никогаш да не разочара
Кога реалноста не ги исполнува тие очекувања, доаѓа до разочарување. Многумина дури по разводот сфаќаат дека не ја изгубиле погрешната личност, туку го барале невозможното.
6. Недоволно инвестирање во односот – љубовта не е доволна
Најопасната заблуда е дека бракот опстанува сам од себе. Без вложување:
- нема развој
- нема блискост
- нема раст
Врските што не се негуваат почнуваат да слабеат, дури и кога постои љубов. Луѓето честопати дури по разводот сфаќаат дека односот го земале здраво за готово.