5 типови мажи кои нема да можете да ги промените: Не губете време!

Секоја жена се обидува да го промени својот партнер

Дознајте кои се петте типови мажи што никогаш нема да успеете да ги промените

Има одредени шанси вашиот партнер да се промени за некои работи, но треба да знаете дека вашите шанси се минимални кога се работи за некои поважни прашања. Ова се петте типови мажи кои нема да можете да ги промените колку и да се обидувате…

Љубителот на пиво

Можеби мислите дека виното треба да биде изборот на софистицираните луѓе, но за ваквиот дечко нема ништо подобро од ладно пиво.

Зависник од телевизија

Љубовта нема да го мотивира ваквиот маж да излезе надвор со вас, бидејќи така би изгубил драгоцени време што би можел да го потроши на зјапање во ТВ екранот. Секако дека нема да ве изневери кога ќе имате големи планови за излегување, но не очекувајте од него да излезе со вас на утринска прошетка за време на викендот.

Мамин син

По ниедна цена не смеете да застанете помеѓу мажот и неговата мајка, без разлика колку години има тој. Мајката секогаш ќе може да му создаде чувство на вина што ќе биде многу посилно од вашето влијание.

Спортски фанатик

Него не го интересира само еден спорт. На ваша несреќа, тој ги обожава сите спортови. Тоа значи дека целиот свој живот го планира според спортските натпревари. Ова е ноќна мора за жените, но нема многу што да се направи. Ќе морате да разработите тактика за да се прилагодите на него или да побегнете со брзина на светлината.

Хиперактивен дечко

Тој само спие во неговиот дом, а во текот на денот може да го прошета пола град и да се види со неколку пријатели. Ако тој сака кампување, а вие сакате мода, вашата врска е осудена на пропаст. Хиперактивниот фраер во тој случај е идеален за несериозна врска и повремено гледање.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време