5 грешки што треба да ги избегнете ако сакате да заведете некого

Обрнете внимание на деталите

Американскиот социолог Ерик Клинберг се осврна на темата за тоа како да се бара љубов во дигиталното време. Тој ја напиша книгата „Модерна романса”. Тој вели дека денес луѓето се многу склони кон комуникација преку СМС-пораки, прават големи грешки, особено кога се допишуваат со некој што им се допаѓа и со кого би сакале да имаат љубовна врска.

Откако разговараше со стотици луѓе и ги прочита нивните СМС-пораки, тој заклучи дека ова се петте најголеми грешки што луѓето најмногу ги прават при обидот да заведат некого:

Еј или здраво

Овој вид порака е збунувачка и двосмислена. Другата страна не знае на што точно треба да одговори, бидејќи не станува збор за нешто конкретно. Тој исто така може да напише „Еј“ и повторно никој не рекол ништо – тоа е лоша, празна комуникација и се чини дека е малку детска и ограничена.

Бескрајни обиди да се договори точен состанок

На пример, вие испраќате некому СМС-порака со прашањето: „Дали си слободен во петок навечер?“, А тој одговара: „Не сум, а понеделник?“, А вие пишувате: „Не можам, работам, а може за среда? “, па доаѓа одговорот: „Јас сум слободен само до девет во среда“, итн. Допишувањет продолжува и енергијата паѓа на обете страни.

Предолги пораки

Остава впечаток дека човекот што испраќа таква порака е напорен во животот. Ако застанете и малку размислите, ќе сфатите дека можете да кажете многу со неколку зборови, а тоа ќе остави позитивен впечаток на оној што ви се допаѓа.

Пишување пораки со некои збунувачки кратенки или сериозна неписменост

Сите попрво би излегле со некој што знае да се изрази и е малку описмен. Ако не сте сигурни како да напишете нешто, има веб-страници каде можете да проверите. Исто така, пишувањето во некои чудни кратенки се чини несериозно и детско.

Прашање како „Дали ќе се шлаеме низ град покасно?”

Повторно звучи како СМС-порака од тинејџерка која штотуку открила дека има момчиња во светот. Покрај тоа, порака од ваков вид е малку двосмислена и збунувачка.

Прочитајте и: Дали знаете што во флертувањето ги интересира жените, а што мажите?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.