45 години брак и љубов посилна од болест: Сопругата на пејачот боледува од Алцхајмер – заборавила сè, освен него!

Приказна што ќе ви предизвика солзи во очите

Водат битка за нејзиното здравје

Британскиот музичар Џон Лајдон (65) 45 години е во брак со 14 години постарата сопруга Нора Форстер. Двојката се венчала во 1979 година, а од 2018 година минуваат низ тежок период, откако Нора била дијагностицирана со Алцхајмерова болест.

Пејачот и текстописец на легендарната панк-група „Секс пистолс“ оттогаш се грижи за неа и го цени тоа што сè уште не го заборавила. Дури неодамна прифатил дека нејзината здравствена состојба е неизлечива и дека никогаш нема да се подобри.

Тој сега проговорил за тешката тема од својот приватен живот.

„Алцхајмерот е опасен, исцрпувачки процес, но заедно минуваме низ тоа. Мене ме нема заборавено. Заборави сè, освен мене“, раскажал музичарот.

„Знам дека тоа ќе прерасне во нешто многу, многу страшно, но достоинствено се соочуваме со тоа. Лесно би било да се побегне и да се каже: ‘Тоа не е моја одговорност, работите не се исти како некогаш’. Но тоа е идиотски“, рекол пејачот.

Како што вели, ѝ ветил на сопругата дека ќе бидат заедно до крајот на животот и сè уште стои зад тие зборови, нагласувајќи дека е горд на тоа што го прави најдоброто што може за неа.

Музичарот објаснил дека тој и Нора се обожаваат и сакаат и по 45 години брак.

Среќен е што има пари правилно да се грижи за неа, особено бидејќи нејзината болест многу напредувала.
Нора ненамерно предизвикувала пожари во една од нивните куќи, па Лајдон ги заменил плинските шпорети со електрични и тој готви сега. Смета дека сè уште има многу непознати работи за фазите за оваа болест.

Џон раскажал дека неговата сопруга насекаде носи со себе розово мече за утеха и дека лесно се збунува ако се најде на ново место, а често гледаат комедии заедно.

Признал и дека некогаш е многу тажен поради целата ситуација и дека многу тешко му паѓа нејзината болест, но научил да се справи со тоа.

Двојката нема деца, но Лајдон бил очув на ќерката на Нора, Аријана, која починала пред 11 години од рак на дојка на 48 години. Тој е уверен дека неговата сопруга уште тогаш покажувала први знаци на Алцхајмер.

Беше на врвот на кариерата, а потоа се повлече од јавноста поради болест: Пејачката денес изгледа подобро од кога било претходно!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.