3 особини поради кои мажите не се вљубуваат во вас

Престанете да се жалите дека немате среќа во љубовта

Ова се трите особини што на мажите им се одбојни

Мажите многу тешко се вљубуваат во жени кои ги имаат овие 3 особини, а ако се препознаете во нив, можеби е време да престанете да се жалите дека немате среќа во љубовта и да се поправите…

1. Имате константна потреба за внимание

На сите ни треба внимание, но доколку постојано го барате 24/7, не му давате на партнерот простор за себе и постојано се жалите дека не ви обрнува внимание, можеби би требало да се преиспитате, бидејќи овој пат проблемот не е кај него.

2. Несигурни сте

Несигурните жени создаваат проблеми дури и таму каде што ги нема, а на мажите тоа им е многу одбојно. Ако не сте задоволни со изгледот и постојано го нагласувате тоа, постојат големи шанси дека навистина ќе им станете непривлечни на мажите на кои претходно сте им се допаѓале. Ставот и сигурноста се токму тоа што најмногу ги привлекува некои мажи.

3. Љубоморни сте

Здравата доза љубомора е во ред, но доколку правите сцени поради работи за кои никој нормален не би љубоморел, многу лесно ќе му станете одбивни на партнерот.

Доколку ги препознаете овие особини кај себе, би требало да поработите на нив и на вашата самодоверба. Кога ќе бидете задоволни самите со себе, љубовта ненадејно ќе ви тропне на врата.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време