2 реченици што никако не треба да му ги кажувате на партнерот: Во спротивно ќе ја одведете вашата врска во пропаст!

Одбегнувајте ги!

Постојат работи за кои мажите се многу чувствителни и кои не ги простуваат

Начинот на комуникација е клучот за добри партнерски односи, затоа важно е да не дозволите јазикот да ви биде побрз од паметот и да кажете нешто поради што подоцна ќе се каете. Пред да кажете што било, добро размислете, особено ако знаете дека тоа би можело да го повреди, бидејќи мажите ретко покажуваат како се чувствуваат.

Ни во моментите на најголем гнев, немојте да му кажете: „Ти си мамин син“.

Мажите се многу чувствителни на тоа и сакаат да слушаат само убави работи на сметка на мајка им. Сè додека има добра комуникација со неа, а тоа не го нарушува вашиот однос, немате причина за загриженост.

Не сакаат да ја слушаат ни реченицата: „Мора да разговараме“.

И пред да кажете за што сакате да разговарате, напамет им паѓаат најлошите можни сценарија. Доколку постои проблем меѓу вас, тогаш би требало да разговарате, но грешка е ако го започнете разговорот со овие зборови, бидејќи ќе се исплашат и ќе се повлечат. Затоа, дами, бидете малку потактични.

Ако вашиот партнер го бара ова, не ве заслужува: Четири работи што не треба да ги правите заради вашиот партнер!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.