Еволуција на онлајн-забавувањето: Допирот ќе стане табу!

Најголема промена по карантинот?

Една пријателка, која често ги користи апликациите за запознавање, ми призна дека откако почна пандемијата, сфатила дека премногу време поминува трагајќи по интересни луѓе и водејќи бесмислени разговори, кои најчесто не водат никаде. Веќе во првите денови од карантинот, опадна употребата на таквите апликации.

Наместо нив, почна почесто да се допишува и да разговара преку телефон со двајца потенцијални партнери, со желба да го продлабочи познанството со нив. Освен тоа, за неа тоа бил одличен начин да се чувствува помалку осамено за време на карантинот.

Сепак, и понатаму се плашам дека ќе останам сингл поради целава ситуација, бидејќи не можете бесконечно да се слушате со некого – во еден миг мора да се сретнете и во „реалниот свет“, па макар и на растојание од два метра.

Како да се изборите со чувството на осаменост?

За милениумците, осаменоста е генерациски проблем: дури 57% никогаш не биле во брак, а дури 65 проценти велат дека би сакале да се омажат или оженат еден ден.

Станав многу покомуникативна на социјалните мрежи, вели друга сингл-другарка, која секогаш се воздржуваше од онлајн-контактите.

Сфатила дека во овие услови тоа е единствениот начин да го прошири кругот на пријатели, па настојува да ја надмине непријатноста што ја чувствува кога таа треба да биде иницијатор на разговорот.

Сите сме во иста ситуација, а тоа претставува олеснителна околност за пронаоѓање теми за разговор. Доколку заедничките интереси продолжуваат да се нижат, искористете ја можноста за подобро запознавање. Социјалните мрежи овозможуваат побрзо да поминете на подлабоки, поинтимни теми, за кои можеби не би разговарале во обични околности ни по неколку средби.

Текст: Н. Човиновска

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.