5 најголеми машки комплекси и лаги

И мажите се несигурни

Ако мислевте дека само жените се оптоваруваат со физичкиот изглед, сте се излажале

Мажите се подеднакво несигурни како и жените, а честопати толку се срамат од некои работи, што лажат за нив.

Вишок или недостиг на килограми

Иако жените ретко кажуваат дека имаат повеќе килограми одошто навистина имаат, мажите често ја зголемуваат таа цифра, посебно ако се слабички. Истражувањата покажале дека 60% од мажите ја намалуваат, а 40% од нив ја зголемуваат бројката кога се килограмите во прашање.

Висина

Мажите со помала висина честопати се чувствуваат многу несигурно во присуство на девојки на високи потпетици, па поради тоа понекогаш ги одбегнуваат местата каде што тоа е вообичаениот кодекс на облекување.

Години

Можеби во пубертетските денови ќе излажат дека се неколку години постари, но, сепак, мажите понекогаш се чувствуваат несигурно поради годините, па ги намалуваат и за цела деценија.

Состојбата на сметката во банка

Сонот на повеќето мажи е да бидат доволно добро ситуирани за да можат да го издржуваат семејството, да го поседуваат посакуваниот автомобил и едноставно да се чувствуваат моќно. Тука има влијание и фактот што голем број жени ги привлекуваат финансиите речиси исто толку колку и физичкиот изглед, па не е ни чудно што мажите се чувствуваат несигурно ако немаат доволно финансиски средства.

Сексуално искуство и вештини

Ова е темата на која мажите најмногу лажат. Секој сака да остави добар впечаток кај друштвото но и кај спротивниот пол, па бројките во секоја смисла најчесто се преувеличуваат.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време