4 постапки што би требало да ги одбегнувате на почеток од врската

Не претерувајте со грижата!

Иако сите сакаме партнер кој е грижлив, лојален и забавен, понекогаш подобро е постепено да ги откриваме емоциите

Прочитајте кои постапки треба да ги одбегнувате на почеток од врската…

1. Прерано изјавување љубов

Љубовта е прекрасно чувство, меѓутоа за прекрасните работи постои и вистинско време. Не би требало премногу рано да ги изговорите зборовите „те сакам“, бидејќи може да звучи неискрено и можете многу лесно да го избркате партнерот од себе. Тоа што го чувствувате на самиот почеток од врската е вљубеност, а не вистинска и искрена љубов. Оставете ги на страна приказните дека тој е вашата сродна душа и дека сте сигурни во вашата љубов барем некое време додека не размислите добро и не ги преиспитате вашите чувства.

2. Премногу информации на првиот состанок

Интимните приказни за вас и вашето семејство задржете ги за себе, сè додека не бидете сигурни дека се работи за сериозна врска. Почитувајте ја и вашата и туѓата приватност и никогаш немојте да откривате сè за себе. На личноста која штотуку започнала да се гледа со вас ќе и’ биде многу поинтересно ако ве запознава постепено.

3. Претерано допишување

Иако почетокот на врската е многу возбудлив период, обидете се да се контролирате и немојте да претерувате со праќањето пораки, бидејќи може да станете многу напорни. Немојте да инсистирате постојано да поминувате време заедно. Не треба вашиот партнер да се почувствува како да го гушите.

4. Љубомора

Обидете се од самиот почеток да работите на меѓусебната доверба, која е еден од клучните фактори за успешна врска.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време